
Во првите три месеци од годинава друштвото забележа раст на бруто полисирана премија во сите класи на осигурување, а најмногу во класата Доброволно здравствено осигурување.
Во овој сегмент од пазарот на неживотно осигурување, Кроација осигурување – неживот има постигнато извонредни резултати со што успеа да заземе речиси 40% од вкупната полисирана премија, да се најде на лидерска позиција и да ја продолжи својата стратегија на препознатливост по добрата услуга и сигурноста која ја нуди преку овој производ.
Во месец мај, Кроација осигурување неживот прославува две години од воведување на овој производ како дел од своето портфолио и одличните резултати се одраз на визијата и посветеноста на компанијата да биде препознаена по најдобра услуга и сигурност при потреба од здравствена заштита. Кроација Осигурување неживот е единствена компанија која воведе болничко лекување поради Ковид-19 со што покажа дека ги препознава потребите на клиентите.
(Комерцијален текст)