Gorenje мултифункционалната фритеза на топол воздух е одличен пример за тоа како технологијата може да нè извлече од вечната кулинарска дилема. А дополнителна причина за внимание е фактот дека овој модел е достапен по промотивна цена од 15.12.2025 година, што го прави уште подостапен за сите љубители на паметни кујни.
Она што ѝ дава дополнителна тежина на оваа фритеза е официјалното признание од еден од најстрогите пазари во Европа. Престижното германско списание ETM Testmagazin ѝ даде оценка од 92,2% - „многу добро“, со посебен акцент на безбедноста, стабилноста и постојано одличните резултати во подготовката на храната.
Експертите од Германија особено ја пофалија стабилноста на апаратот, фактот дека надворешните површини се загреваат минимално за време на работата, како и исклучителната леснотија на ракување. Резултатите од подготовката на храната беа оценети како исклучително конзистентни - без разлика дали станува збор за зеленчук, месо или дури и слатки печива како мафини и колачи. Однапред дефинираните програми за печење се покажаа како оптимално поставени, што значи дека не треба да бидете кулинарски мајстор за да добиете совршено испечено јадење.

За оние кои внимаваат на исхраната, но не сакаат да се откажат од крцкавите закуски, air fryer технологијата го носи најдоброто од двата света - минимална количина маснотии и максимален вкус. Покрај тоа, овој апарат се загрева многу побрзо, троши помалку електрична енергија и заштедува време, што на сите ни недостасува денес.
Со други зборови, ова е кујнскиот апарат што ги менува навиките - од „што ќе јадам брзо“ до „што здраво можам да подготвам за 15 минути“. А кога апаратот ќе добие сертификат за квалитет во Германија и е по промотивна цена од 15 декември, тешко е да се игнорира. Затоа, посетете ја нашата веб-продавница и одберете Gorenje фритеза на топол воздух што ќе стане ваш главен кулинарски сојузник во 2026 година.
(Комерцијален текст)