Почетната точка што треба да се разгледа е како сакате да учите т.е. да ја балансирате теоријата и практиката за да бидете на вистинскиот пат кон развивање на потребните знаења и вештини. Академското портфолио и какво искуство имаат потенцијалните професори е уште еден важен сегмент што треба да се провери. И последно, но не и најмалку важно, поточно треба да биде на врвот на листата е да се провери процентот на вработување или колку студенти добиваат работа веднаш по дипломирањето.
Ако вашата цел е диплома од престижен универзитет, факултет акредитиран и признат од официјални меѓународни тела, одличен академски кадар, богата истражувачка околина, иновативна настава – премин од теорија во пракса, кариера во Европа и светот, живописен студентски живот и кампус во градскиот центар на прекрасен медитерански град – имате совршено совпаѓање со Сити колеџ Солун.
Студентите од Сити колеџ добиваат дипломи од универзитетот Шефилд, еден од првите 100 универзитети во светот, на 26 место во Европа и 82 во светот и во „Топ 10те универзитети за истражувачка моќ”. Припаѓа на 1% од „Најдобрите универзитети во светот”. Дипломите се признати во 196 држави, односно во целиот свет.
Сити колеџ поседува седум различни врвни меѓународни акредитации, што е само уште еден доказ за квалитетот на образованието кое оваа институција го нуди. Образовниот процес се одвива во мали студентски групи, што на идните професионалци им нуди одлично академско искуство, а од огромната функционална мрежа на дипломци во земјата и пошироко во регионот, студентите имаат секогаш достапна поддршка.
Универзитетот Шефилд, како дел од професионалниот кадар има дури 6 добитници на Нобелова награда, а дипломците и студентите од овој универзитет се на позиции со голема одговорност и влијание во целиот свет, давајќи значаен придонес во општеството. Дел е од престижната Russel група, составена од водечките институции за истражување кои се врвно рангирани насекаде во светот. Овој универзитет е препознаен од студентите како институција која нуди најдобро студентско искуство, според анкетата направена од страна на Times Higher Education во 2016 година.
Студирањето на Сити колеџ е предност што може да ги импресионира работодавците низ целиот свет поради одличната репутација и критичните вештини кои студентите ги развиваат. Како универзитет од светска класа со репутација за академска совршеност, Сити колеџ е популарен избор за работодавците да регрутираат студенти и дипломци за нивните практикантски и дипломирани работни места. Така, изгледите за кариера се шират од Европа до целиот свет и нудат голема можност за студентите од Сити вработување за колеџ, што значи многу можности за професионална кариера.
Повеќе информации заинтересираните кандитати можат да најдат на следниот линк.
(комерцијален текст)