„К15: Од другата страна“ – документарен филм за најголемиот хумористичен феномен во Македонија

По три децении смеење, провокации, хумор и реплики кои станаа дел од секојдневниот јазик, легендарните К-15 конечно добиваат свој документарен филм.

По три распродадени настапи во Арената „Борис Трајковски“, ова е следниот голем чекор – да се открие целата приказна на големо платно.

„К15: Од другата страна“ е дело на режисерот и сценарист Ико Каров, кое спакувано во 100 минути ја носи интимната, човечка и непозната страна на најголемиот хумористичен феномен во Македонија. За неговата автентичност говори и тоа што Ико е син на еден од главните носители на К-15 и Дуо Трио - Бубо Каров и од мали нозе бил дел од целиот проект.

Филмот е збогатен со искрени сведоштва, ретки архивски материјали и приказни од луѓе кои директно или индиректно биле дел од оваа ера.

Проектот е во продукција на BDG Agency и Good Mood Media.

Премиерата ќе се одржи во Македонскиот народен театар на 5 декември од 21 часот.

Само по премиерата, публиката ќе има единствена можност за Q&A сесија со хероите на К15 - Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Бубо Каров.

Следните термини на прикажување се 6, 7, 13 и 14 декември, исто така во МНТ.

Картите веќе се пуштени во продажба и може да се купат само нa:  https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5695

(Комерцијален текст)  

 

28 октомври 2025 - 10:36