Публиката имаше можност да ја погледне црната комедија, во која главниот лик по неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола, тргнува на пат и запаѓа во серија бирократски проблеми.
Филмот се снимаше 6 дена на повеќе локации низ Скопје. Исто како и во првенецот на авторот, краткометражниот филм „Пепи и Муто“, главната улога и овој пат му припадна на Сашко Коцев, а покрај него настапуваат Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски – Упа, Соња Стамболџиоска, Димитрија Доксевски, Калина Димитриовска, Анастасија Аневска и Матеј Настевки.
Директор на фотографија е Наум Доксевски, сценографијата е на Кирил Спасевски, за костимите се погрижи Розa Трајческа, додека за маската и шминката на главниот лик беа одговорни Снежана Ангеловска и Ирена Сенокозолиоска. Монтажата е на Мартин Иванов, а дизајнот на звук е на Сашко Потер Мицевски.
Георги М. Унковски е роден 1988 година, во Њујорк. Студирал фотографија на Институтот за технологија во Рочестер, САД, а магистрирал режија на FAMU во Прага, Република Чешка.
(комерцијален текст)