Меѓутоа објаснувањето би имало смисла само ако ги игнорираш проблематичните контрадикции: имено, САД ги поддржуваше и македонските вооружени сили и Албанците кои се бореа против нив. На ова му претходеше и една деценија на збунувачка и манипулативна западна политика, чиј климакс беше бомбардирањето на Србија и наметнувањето "мир" преку агресијата во Косово. Заедно, овие потези директно го дестабилизираа регионот.
Во Македонија главниот посредник беше MPRI (Military Professional Resources, Inc.), во тоа време голема приватна воена компанија, чиј командант за Македонија беше американски генерал со силни врски со командантот на ОВК, Агим Чеку и со македонскиот генерал, Јован Андрејевски.
MPRI и слични приватни воени компании, успеаа најголемиот дел од своето финансирање да го извадат од Стејт Департманот, Пентагон и ЦИА. На пример, MPRI ја тренираше и ја опреми Федералната армија на Босна, со помош на голем договор со Стејт Департманот. Со текот на годините, компанијата тврди дека "помагала" во Хрватска, Србија, Босна и Македонија - што значи го вооружувала и тренирал сите страни во конфликтот. Во 2000-та, тие извадија најмалку 70 милиони долари од своите глобални операции.
Во блиска соработка со Пентагон, MPRI исто така се погрижи за тренингот и опремувањето на ОВК во продолжението на војните во Југославија. Подоцна, истата фирма испорача воена помош за македонската армија, ново американско оружје за албанските бунтовници и информации од воената разузнавачка служба за двете страни.
Во основа, ова беше стандардна процедура која со децении имаше голем успех на Блискиот Исток: ги одржуваш двете страни да не станат премногу силни една за друга и ја засилуваш моќта за преговарање на човекот што ги држи конците. Уште подобро, комбинирај го ова со дезинформација, односно кажи и на јавноста дека правиш едно, додека го правиш спротивното.
Не се во прашање сојузници и непријатели. Овие ознаки можат да се променат заради голем број причини. Во 1999-та Албанците беа жртви и борци за слобода. Во 2001-ва, тие официјално беа закана. Нориега, Хусеин и бин Ладен се само тројца ликови кои ја научија оваа лекција и од пријатели се претворија во непријатели.
И која беше вистинската цел во Македонија? Земјата беше во финансиска лудачка кошула, нејзиниот буџет во основа беше контролиран од ММФ и Светската банка во име на меѓународните кредитори. Бидејќи ММФ го одреди максимумот за воена потрошувачка, единствената опција за финансирање беше приватизација. Според Jane's Defense Weekly, процесот започнува со продажбата на владиниот дел во Македонски Телеком.
Меѓутоа имаше многу поголем влог - работи како стратешки нафтоводи и транспортни коридори низ земјата. Меѓутоа ова нема да биде очигледно уште долги години. Ова е уште една тактика: колку е можно подолго чувај ја оригиналната агенда сокриена.
Извадок од текстот Big Lies: How Our Corporate Overlords, Politicians and Media Establishment Warp Reality and Undermine Democracy