Оваа година Компанијата Coca-Cola својата топла новогодишна порака ја пренесе во Македонија и преку препев на песната од планетарно популарната Coca-Cola новогодишна реклама на македонски јазик.
Познатиот пејач Влатко Лозаноски ја препеа песната од новогодишната реклама која ги отсликува сите вредности на најомилениот пијалак на светот: семејството, радоста, оптимизмот и неповторливата магија на заедничките мигови. Песната ги истакнува токму тие вредности преку нејзиниот текст: „Срца полни радост, очи што светкаат, нека трае овој момент засекогаш“.
Песната е веќе хит на најпознатите радио станици во земјава, а рекламата е достапна на националните телевизии, како и на официјалниот YouTube канал на Coca-Cola: линк од рекламата.
(комерцијален текст)