Фестивалот како и досега ќе се одвива во скопските локали: кафе бар Кино Карпош, бистро барот Барбакан и ноќниот клуб Минус Еден, кои воедно се главните организатори и реализатори на целокупната идеја.
На Скопје ќе му се случи еден редок културолошки четиридневен настан, кој ќе покрие 3 главни сегменти од областа на уметноста: филм, музика и дизајн.
POPCORN киното е предвидено за во кафе бар Кино Карпош, каде ќе се прикажуваат најнови проекции на филмови од македонска продукција меѓу кои филмови на Милчо Манчевски, Владимир Митевски – Ѓуле, Дина Дума, Косара Митиќ и уште многу други. По проекциите на филмовите ќе следи музички дел составен од реномирани имиња од македонската „DJ“ сцена како Еми Ермилова и Fluid, англискиот познат DJ Simon Atkinson и еден од најдобрите македонски blues бендови, In The Mood. Програмата во Кино Карпош вклучува и „pop up cultivator“, промоција на „streetwear“ облека на млади дизајнери и уметници. Погледнете ги делата на Микери, Драш, Popcorn, Cactus...
Во Барбакан фестивалот ќе го отвори легендарниот уметник Игор Јосифов, со филмска проекција на „Wit-ness”, во кој што се појавува и топ моделот Катарина Ивановска, а потоа следи серија од повеќе краткометражни филмови на Јосифов како „Taming Fire“, „Burning Words“, и „Unification“. За крај присутните ќе имаат можност да го проследат и неговиот уникатен, уметнички перформанс со оган.
Листата на изведувачи ќе ја надополнат Александар Петров со TransMission Project, автентична интерпретација во живо со реномираните музички имиња Васил Хаџиманов, Росен Захариев, Мари Маре, Иван Шопов, Бафтијар Бериша и Таир Амет, како и Владимир Четкар со својот препознатлив бенд и Echotronics.
Во ноќниот клуб Минус Eден, програмата ќе се одвива после полноќ со одлични музички имиња од Македонија и странство. Уживајте во ноќниот живот со Ilina Angel, Нино Наумов, Маци, Flooder и одличните Иван Шопов кој ќе настапи со аналогна електроника, Terry Francis DJ сет, Simon Atkinson DJ сет и многу други.
Деталите за целосниот репертоар и времето на прикажување погледнете го во агендата подоле.
И оваа година, како и изминатите две од фестивалот се очекува културна експлозија, голем интерес и посетеност и секако многу дружење.
Официјален Facebook настан достапен тука.
(комерцијален текст)