Black Friday удира по џебот, ама не и во Топ Шоп!

Ако чекавте универзумот да ви даде знак дека е време да фрлите сè старо и да внесете нешто ново во животот - еве го тој знак: Black Friday. Топ Шоп. Попусти.

На понуда се класичните хитови: Дормео душеци, наддушеци, перници и јоргани - за сите што сакаат конечно да спијат како луѓе и да се разбудат наспани! Тука е и Делимано кујнскиот арсенал - садови за готвење, апарати за домаќинство и други додатоци што ќе ви помогнат полесно и побрзо да зготвите и да имате повеќе време за уживање. За тие што сакаат чисто под нозе - има и правосмукалки, парочистачи и џогери со супер попусти.

И годинава, додека повеќето брендови ве ловат со попусти на сè што не ви треба, Топ Шоп реши да оди по друг пат: да ви понуди попусти на производи што реално ќе ги користите. И тоа секој ден - во кујна, спална, па и додека чистите. Проверете - кај нив Black Friday веќе почна со попусти до 70%!

Од Топ Шоп велат дека ова е најголемата распродажба во годината, и дека некои производи се продаваат за буквално 1/4 од редовната цена. Па, ако ви требаше изговор за нов душек или кујнски апарат што „ќе ве мотивира да готвите“ - Black Friday е навистина добра причина да ја ѕирнете Топ Шоп понудата! 

Сè е достапно и онлајн (за тие што не сакаат да излегуваат од дома), и во сите продавници низ Македонија - за тие што сакаат лично да го стиснат душекот пред да го купат.

„Black Friday е моментот кога нашите најбарани производи стануваат достапни за сите. Оваа година имаме најголема селекција досега, и по цени што не се повторуваат. Целта ни е купувачите да добијат вистинска вредност - не само попуст, туку и квалитет што трае. Затоа ги охрабруваме купувачите да побрзаат, бидејќи залихите на нивните омилени производи со екстра ниски цени - не се вечни“ - велат од Топ Шоп. 

Време е да ѕирнете тука: topshop.com.mk

(Комерцијален текст)

 

24 октомври 2025 - 09:09