5 најчести причини за појава на болки во долниот дел на грбот

1. Претерано истегнување на мускул или лигамент за време на вежбање
Дали често изведувате повторливи движења од ист тип? Болката од истегнување на мускулите се појавува ненадејно или со текот на времето. Најчесто, истегнување на мускулите се јавува кога на мускулите се нанесува преголемо оптеретување, што понекогаш може да доведе до нивно оштетување или кинење. На истиот начин се јавуваат и други проблеми, како на пример исчашувања. При исчашувања, лигаментите - структурите што ги поврзуваат поединечните коски или зглобови - се истегнуваат. Без разлика дали се работи за мускул или лигамент, прекумерното истегнување е придружено со карактеристична болка. Овој тип на исчашување се јавува најчесто при кревање тешки предмети, нагли движења или како спортска повреда.

2. Неправилно држење на телото
Колку често сте слушате некој да ве опомене - „Исправи го грбот!“? Неправилното држење на телото при стоење или седење е многу честа причина за болки во долниот дел на грбот. Човечкиот 'рбет стои исправено во просек по 16 часа дневно и тврдоглаво „се спротивставува“ на земјината гравитација.  Особено важен фактор е се поголема статичност во ерата на автомобилите и работа на компјутер. „Правилно држење“ е идеалната положба на телото, исправен грб, истакнати гради, исправен врат и рамена кои се во линија со ушите. Редовното и продолжено неправилно држење може да допринесе за притисок на коските и да доведе до анатомски промени и искривувања на рбетот. Искривувањата на 'рбетот, пак, може да бидат причина за стегнати нерви, а оттука и за појава на болка во долниот дел на грбот. Да не заборавиме дека и неправилна положба при спиењето игра улога во појавата на болки во долниот дел на грбот. Заради ова важно е да обрнете внимание при изборот на квалитетен душек и соодветна перница како добар начин за спречување на лоша поставеност на телото при спиење, а подоцна и болки во долниот дел на грбот.

3. Дискус хернија
Дискус хернија (исто така наречена дископатија) е оштетување на еден или повеќе интервертебрални дискови. Настанува кога мекото ткиво (наречен диск) што се наоѓа помеѓу пршлените и делува како амортизер за удари и потреси. Ако се случи да „протече“, внатрешната состојка (во вид на желе) на дисковите, таа навлегува во каналот на 'рбетниот мозок со што доаѓа во контакт со нервите во близина, со што резултира со воспаление и чувство на силна болка. Протеините кои се јавуваат и го предизвикуваат воспалението при контакт со нервите, предизвикуваат остра и ненадејна болка во долниот дел на грбот која понекогаш се случува да се прошири на други области како што вратот или надолу по нозете.
Со текот на времето и процесот на стареење, интервертебралните дискови постепено ја губат својата хидратација и се истрошуваат. Ова ја намалува нивната отпорност на напнатост и притисок и го зголемува ризикот од хернијација на дискот.

4. Остеоартритис
Остеоартритисот е болест при што доаѓа до бавна деформација и оштетување на 'рскавицата на зглобовите во телото. Ова е причината зошто остеоартритисот понекогаш се нарекува „артритис на абење и кинење“. Ако е зафатен 'рбетот, може да има остра или тапа конзистентна болка и воспаление што може да се појави на едно или повеќе нивоа на 'рбетот. Понекогаш причината за болката може да биде формирање на таканаречени шилци (раст на коскеното ткиво во меките делови) кои притискаат на 'рбетниот нерв и допринесуваат за болка во тој предел.

5. Настинка или грип
Системите за ладење и греење несомнени се одлично достигнување на човештвото кое што ни го олснува начинот на живот во голема мера. Но, секоја работа од технолошкиот напредок носи и свои ризици. Директната изложеност на проток на ладен воздух - климатизација или стоење на провев - може да доведе до вкочанетост и болка во грбот, долниот дел на грбот или вратот. Експертите препорачуваат разликата на температурата надвор и внатре во просторијата (или во автомобилот) да не биде поголема од 10 степени.

Како да се справите доколку имате мака со некоја од горенаведените состојби

Постојат и друга група на причини и фактори на ризик, како што се дебелината, пушењето, стресот и одредени хронични болести кои исто така можат да доведат до болки во грбот или други проблеми со периферниот нервен систем. Употребата на нестероидни антиинфламаторни лекови придонесува за итно и брзо справување со непријатноста, но со прекумерна употреба истите можат да донесат со себе и голем број на несакани ефекти и штета на телото. Бидејќи болката во долниот дел на грбот е скоро секогаш поврзана со воспаление и зафаќање на нервите на периферниот нервен систем, особено е важно да се земаат производи кои содржат активни состојки кои ја намалуваат болката и воспалението и помагаат во поправка на периферните нерви. Пример за таков специјализиран препарат е Фенаксон.

Фенаксон помага во ублажување на болките во грбот заедно со симптомите на вкочанетост и намалена мобилност. Неговиот состав вклучува докажани активни состојки во висока концентрација - уридин монофосфат, куркумин, ацетил-L-карнитин, магнезиум и витамин Д, засилени со 6 витамини од групата Б, кои придонесуваат за обновување на нервите и го намалуваат воспалението. Исклучително погоден за прва манифестација на болка и вкочанетост во долниот дел на грбот, како и превентивна мерка против егзацербација на хронични заболувања на периферниот нервен систем, придружени со болки во грбот и долниот дел на грбот.

(Комерцијален текст)

3 јули 2023 - 13:46