21,3% од сите корисници на интернет во земјата, активно го користат 11 години стариот браусер. За споредба, втора на листата далеку зад Кина е Јапонија со 4,7%.
Причина за ова е што најголемиот дел од сајтовите на владата, банките и сајтовите за купување, работат исклучиво со ИЕ6. Овие сајтови може колку сакате да ги сурфате на Хром или Фајрфокс, ама кога ќе дојде време да платите или да пополните некој административен формулар, ќе мора да се префрлите на ИЕ6.
Дополнителен проблем на Микрософт е што сите овие ИЕ6 браусери, најчесто се инсталирани на ИксПе оперативниот систем, кој е уште една технологија што компанијата сака да ја откачи.