Во август, еден 23 годишен програмер одејќи накај работа го среќава бездомникот, со прекар Journeyman, тој му изгледа паметен и амбициозен, ама како да "изгубил серија на битки." Програмерот му дава две опции на бездомникот, веднаш да му исплати 100 долари и тој да ги потроши како што сака или да му даде три книги за ЈаваСкрипт, евтин лаптоп и 1-часовни лекции за програмирање, секој ден во следните 8 недели.
Бездомникот, Лео, ја прифаќа втората опција. Целата работа е објавена на интернет и добива значително внимание, и лошо и добро. Лео е интервјуиран за некои од најголемите сајтови за економија, а оди и во посета на Гугл Њујорк.
Два месеца подоцна, Лео е при крај со својата прва апликација, која се вика GoGreen и се однесува на еколошки прашања.