Најчеста даночна измама е "вртелешката." Во неа две или повеќе компании потпишуваат договор за соработка. Првата подготвува фиктивни документи дека платила ДДВ за одредени производи или услуги. Документите и ги предава на втората компанија, која бара враќање на ДДВ од владата, како да ги платила фактурите. Во меѓувреме првата компанија исчезнува без притоа никогаш да не го плати ДДВ-то за кое дала потврда.
Оваа измама најчесто опфаќа стоки кои се продаваат преку граница, како мобилни телефони и микрочипови. Со тек на време "дејноста" е проширена на софтвер и лиценцирање.
Дел од проблемот е во самиот ДДВ, и една одлука од 1992-ра дека сите национални системи за ДДВ треба да се зачуваат во новиот единствен европски пазар. Ова значи дека во рамките на Унијата има 27 различни даночни стапки, олеснувања и различни даночни власти.
Самите членки на ЕУ немаат намера да се договараат околу стапката на ДДВ, бидејќи тоа би значело дека добар дел од нив ќе треба да ја променат (намалат) што пак би било пад приходите по оваа основа. Во 2009-та, на ДДВ членките на ЕУ собраа 784 милијарди евра, што е 21% од сите даноци што се собрани во ЕУ.
Во 2004-та Европската Федерација на Сметководители, пресмета дека во ЕУ годишно околу 100 милијарди евра се губат на даночни измами.