Запознајте го најзадолжениот човек на светот

Се вика Жером Кервиел и е поранешен финансиски трговец на Сосиете Женерал. Поранешен, заради тоа што некако помисли дека може да ја измами банката. Сега треба да врати сè до последна пара.

Сумата која Жером треба да и ја плати на банката е 6,3 милијарди долари. Ова е оштетата за парите што тој и ги списка на француската банка на недозволена трговија во текот на 2007-ма и 2008-ма.

Инаку вкупниот обем на трговијата што Жером го направи во тој период изнесува 73 милијарди долари.

Финансиските експерти објаснуваат дека она што му се случило на Кервиел е исто како кога ќе осудиш човек на над 100 години затвор.

"Има казна и ќе има и спогодба. Тие веројатно ќе направат некој договор според кој значителен процент од сите пари што Жером ќе ги заработува во текот на животот, ќе треба да ги става во фонд кој ќе ја покрива казната," објаснува поранешниот инвестициски банкар и сегашен професор на Универзитетот во Сан Диего, Френк Партној.

Инаку, изречената казна е поголема од која било казна што и беше дадена на некоја од банките кои ја предизвикаа хипотекарната криза. Голдман Сакс доби 12 пати помала казна.

2 ноември 2012 - 19:21