
Модерното готвење повеќе не мора да значи часови поминати над шпоретот со облак од пареа и планина од валкани садови. Денес, рерните и плочите за готвење од Gorenje сè повеќе ја работат работата на вистински мали кујнски чираци: тие се загреваат во еден миг, предлагаат оптимална програма и ја следат температурата додека завршувате некоја друга задача. Некои дури ќе ви печат и пица за помалку од четири минути - идеално кога гостите ве изненадуваат, а вие сè уште сте во пижами и без ништо посебно подготвено.
Во вакви моменти, решението доаѓа во форма на едноставни рецепти кои изгледаат како да сте вложиле часови љубов и труд, но всушност се подготвуваат побрзо од една епизода од вашата омилена серија на Netflix или на HBO Max.
Еден од најбрзите и најелегантните рецепти кога сакате да го импресионирате вашето семејство: мини фокача.
Состојки:
• 250 гр брашно
• 1 лажичка сув квасец
• 1 лажичка сол
• 150 мл топла вода
• маслиново масло, рузмарин, маслинки
Замесете го тестото и оставете го да отстои 30 минути (доволно време за да завршите состанок на Zoom, да ги проверите пораките или да завршите со купување нова облека онлајн). Потоа сплескајте го со врвовите на прстите, направете мали вдлабнатини, испркајте со ладно цедено маслиново масло, наросете со рузмарин и маслинки. Печете 15 минути на висока температура и уживајте во мирисот на медитеранот што ќе се прошири низ целата куќа.
Посебниот шарм на модерните Gorenje рерни е во тоа што тие нудат и готови програми за печење: доволно е да го изберете рецептот и тежината, а останатото го прави рерната. Печењето станува предвидливо и без стрес, без опсесивно гледање низ стаклото за да видите дали кората ќе изгори. Истото важи и за Gorenje индукциските плочи кои загреваат веднаш, што значи дека водата за тестенините ќе зоврие побрзо отколку што можете да ја најдете солта. Од вас зависи кој сос да го направите. Помалку чекање, повеќе уживање.
Септември како нова кујнска сезона
Ако сте еден од оние кои сакаат нов почеток во септември (од нови календари до нови кулинарски навики), сега е вистинското време. Додека природата полека се менува, а деновите се пократки, кујната повторно е центар на домот, местото каде што се собира семејството, каде што се загреваат рацете и душата.
Па можеби сега е совршено време да ги освежите и вашите кулинарски сојузници. Од 15 септември до 15 октомври Gorenje има специјална понуда за одбрани модели на вградени рерни, плочи и аспиратори, што претставува одлична можност конечно да ја претворите вашата кујна во место каде што готвењето се прави со насмевка, а не со воздишка. Побарајте го вашиот омилен модел на веб-продавницата на Gorenje Македонија.
Добрата храна не мора да одземе многу време. Сè што е потребно е малку добра волја - и паметни кујнски сојузници кои ќе ви заштедат часови и ќе ви дадат драгоцени минути за она што навистина го сакате.
(Комерцијален текст)