Податоците на кинеската влада за трговскиот биланс со САД покажува дека царините на Трамп не ги одвикнале американските граѓани и компании да купуваат поевтини кинески производи. Напротив.
Генералната царинска управа на НР Кина објави дека извозот на стоки и услуги во САД во јуни достигнал 43 милијарди долари, а во првата половина од оваа година изнесува 216 милијарди долари. Тоа значи дека извозот во хаотичниот период на објавени и поништени царини од Трамп се зголемил за уште 0,2% на годишно ниво. Увозот на американски производи, пак, се намалил за 0,8%.
Податоците од Бирото за попис на САД дава поинаква слика, која е повеќе наклонета до политиката на администрацијата на Трамп отколку до реалноста. Америка, според Бирото, увезла кинески стоки од само 104 милијарди долари во текот на оваа година. Пол Донован, аналитичар од UBS, ја опишува оваа неусогласеност како доказ дека се избегнува плаќањето на царините што Трамп ѝ ги крена на Кина.
Оваа разлика, впечатлива само за трговијата на САД со Кина, не значи дека бродовите што испловуваат тонат среде Пацификот. Ако трговијата оди преку посредник, стоките не се означуваат како кинески и увозниците плаќаат пониска царина, објаснува Донован.
Тоа создава пошироки последици. Goldman Sachs во својот нов извештај заклучува дека кинескиот извоз кон остатокот од светот сега е толку значаен што помага да се одржат пониски трошоци за живот на развиените пазари.
Кинескиот извоз кон другите развиените пазари бележи брз раст уште од почетокот на пандемијата. Дел од ова произлегува од пренасочувањето на трговијата од САД, забележува банката.
Во исто време, кинескиот увоз е намален поради зголемените напори на Пекинг за постигнување самоодржливост. На пример, увозот на автомобили и производи за нега на кожата е намален за приближно 55% од 2023 година.
Анализа на Меган Питерс од Goldman Sachs покажува дека во земјите низ светот стапката на инфлацијата се намалувала за 0,5% за секој 1% зголемен увоз на кинески производи. Во развиените пазари надвор од САД, цените на стоките се намалени за 0,6%.
Зголемената понуда на стоки од Кина очекувано создаде значаен дезинфлациски импулс на развиените пазари, особено во Европа... Очекуваме овие ефекти да продолжат да се засилуваат во иднина, заклучува Петерс.
Од друга страна, секоја придобивка од поевтиниот увоз ја поткопува конкурентноста на домашните производители, што ги прави нивните бизниси помалку профитабилни.