Во овој период Британија ја напуштиле 10.800 милионери, што е за два пати повеќе отколку во 2023. Пресметките на Телеграф се дека ова е отприлика еднакво на 30 милионери на ден.
Одливот се должи на плановите на Лабуристите да ги укинат векови старите закони кои им дозволуваат на странски инвеститори да живеат во Британија, додека нивните пари се сместени на офшор сметки на безбедно од британските даноци.
Финансиските аналитичари објаснуваат дека ваквите промени направиле Британија да изгледа како „непријател на богатите,“ а тоа е повеќе проблем за Британија „бидејќи овие луѓе се крајно подвижни, а кај многу дигитални бизниси можеш да работиш од разни локации и без обврска да бидеш присутен во оваа јурисдикција.“
Математиката е дека ниту една друга држава на светот во 2024 немала толкав одлив на милионери, освен Кина.
Една од најпопуларните дестинации за милионерите што го напуштаат островот била Италија, која во 2017 воведува рамен данок за лица кои не се нејзини државјани, а по нејзе се Швајцарија, Емиратите, САД и Сингапур.
Освен ситниве милионери, во 2024 од Британија си заминуваат и 78 лица со богатство над 100 милиони долари и 12 милијардери.