На Алибаба им досади он-лајнот, па се зафатија со отворање физички продавници

Не е јасно дали ова го прават заради пари, или за да пробуваат нови играчки и технологии, или затоа што сакаат секаде да те следат, важно покрај стотици милиони он-лајн корисници Алибаба до сега има отворено речиси 90 супермаркети низ Кина. И одлично им оди.

Брендот се вика Хема супермаркети, и отприлика изгледаат како поле за тестирање на секоја можна нова технологија што би им текнала на луѓето од Алибаба.

Работата на супермаркетите е поделена во два дела: регулар супермаркет со најразлични технолошки додатоци (пример, цените се испишани со специјална технологија, не е стандарден екран, која може да ги менува цените во реално време) и пакување за он-лајн нарачки на храна и слично.

Планот им е до крајот на годинава да имаат 100 супермаркети.

Целото плаќање на лице место е без готовина и се врши преку апликацијата на Алибаба за плаќање – алипеј, додека он-лајн купувачите својата нарачка ја добиваат во рок од 30 минути, со бесплатна испорака.

We visited Alibaba's new retail store, sweeping through China from CNBC.

 

26 ноември 2018 - 15:43