Мистер Бист собира пари за да го купи ТикТок

Интересот за купување на американскиот бизнис на кинеската платформа ТикТок станува сè поголем и сè повеќе лица се во игра. Се спомнуваше Илон Маск а сега се дознава дека постои и конзорциум инвеститори кои ги предводи познатиот јутјубер Мистер Бист. Медиуми ја спомнуваат и цифрата со која сакаат да настапат како своја понуда.

Блумберг наведува дека групата инвеститори која ја води Мистер Буист собрале 20 милијарди долари за купување на ТикТок.

Има таму у други познати лица, како што се извршните директори на Роблокс и Енкорејџ Дигитал.

Нивната понуда би требало да ја надмине конкурентската понуда за која се претпоставува дека доаѓа од Проектот Либерти кој го вклучува сопственикот на ЛА Доџерс и Кевин Лири од емисијата Шарк тенк.

На оваа тема веќе извесно време се спомнува и Илон Маск како можен купец а од неодамна во игра наводно влегува и Микрософт.

Кинеската БајтДенс која стои зад оваа популарна платформа досега не дала коментар на гласините и останува на позицијата дека не планира да го одвои бизнисот.

ТикТок има околу 170 милиони корисници во САД, огромен дел од нив помлади од 30 години.

 

2 февруари 2025 - 10:06