Овие 2.325 луѓе контролираат 4% од светското богатство, или околу 7300 милијарди долари, пари доволни за 12 пати да го купиш Епл или да го платиш целиот американски долг кон Кина.
Најголемиот дел на (американските) милијардери парите ги направиле во 40-те и 50-те години од својот живот и тоа претежно во финансии. Околу половина од неговите пари се во приватни инвестиции, околу 20% ги чува во готовина, а 5% ги има дадено на недвижнини. Поседува 4 куќи од кои секоја вреди по 20 милиони долари. Големиот процент на пари во готовина му е затоа што се уште му држи стравот од финансиската криза во 2008 / 2009-та.
Откако ќе стане милијадер, најчесто се дружи со други милијардери, и најверојатно живее во некој од мега-градовите како Њујорк, Хонгконг и Лондон. Кога се собираат, обожаваат да гледаат спорт, посебно Мастерсот, Америка куп (трки со јахти) и Кентаки дерби (трки со коњи).
Ако живее во Њујорк најверојатно поддржува уметности, ако е од Лос Анџелес или Лагос тогаш е напален на авијација, а ако е до Женева тогаш ужива во јахти и пловење.
Најверојатно е филантроп и ќе даде околу 100 милиони долари во добротворни цели, што и не е така голем дел од неговото богатство. На просечниот милијардер најчеста цел на донации е образованието.
Како што почнува да старее, така тој се фаќа со делење на се поголем дел од своето богатство на сопствените деца. Со ова тоај почнува со создавањето на новата класа на милијардери наследници на кои од година во година им расте богатството од парите што ги добиваат.