Како Телефоника стана проблем на ЕУ

Во 2009-та Телефоника охрабрена од правата за продажба на Ајфон во неколку држави, објавува храбри предвидувања за идната заработка. Три години подоцна Телефоника е најзадолжената компанија во светот.

Според аналитичарите Телефоника во следните 2 години треба да покрие долг од 14,5 милијарди евра, но проблемот е што во овој период ќе генерира само 9,6 милијарди евра.

Причината за ваквата ситуација на Телефоника се две ризични одлуки. Првата е од 2010-та, кога решава да го купи уделот на португалскиот телеком во бразилската компанија Виво, по цена од 7,5 милијарди евра. Како последица на ова и почетокот на економската криза, Телефоника има проблем со добивање позајмици и сега долгот треба да го отплаќа по повисока цена.

Сега самиот долг на Телефоника е дел од вкупниот долг за кој шпанската влада одговара пред ЕУ, заради кој во најскоро време ќе биде намален и кредитниот рејтинг на земјата, со што дополнително ќе се искомпликуваат условите за исплаќање на долговите на Телефоника.

Како дел од мерките за намалување на трошоците, компанијата планира продавање на дел од ќерката компанија во Германија и распродажба на авионите што ги поседува. Се уште се разгледува можноста за продажба на компаниите што ги поседува во Јужна Америка.

10 октомври 2012 - 12:51