Во време кога сите се трудат да изгледаат што е можно што поприбрано, производителите на луксузни стоки тврдат дека токму тие ќе бидат едни од најзаслужните за вадење на ЕУ од кризата.
Во извештајот на индустријата се предвидува дека до 2020-та овој сектор ќе донесе 900 милијарди евра во европската економија и ќе вработува 2,2 милиони луѓе.
Но за да се оствари ова потребно е да се исполнат четири предуслови, пишуваат авторите на извештајот на ECCIA (European Cultural and Creative Industries Alliance).
Тие прво бараат да се укинат најразличните забрани со кои се соочува секторот кога треба да работи со земјите во развој како Индија, Кина и Бразил. Второто барање е ексклузивно од производителите на алкохол, кои се жалат дека новите мерки најавени за оваа индустрија ќе значи пад на приходите од 20% и околу 190.000 отпуштени. Третата работа што ја бараат е подобра заштита од фалсификувани стоки, што до 2020-та би значело спас на уште 180.000 работни позиции.
Четвртото барање го делат речиси сите што се занимаваат со производство, а тоа е поевтина работна сила.