Десет луѓе за една година се обогатиле преку 700 милијарди долари

2024 година беше одлична за милијардерите. Повеќе од половина од 2.800-те милијардери во светот го зголемиле своето богатство, некои за неколку милијарди, некои за десетици милијарди долари. Најобилно е кај првите десет кои својот џепарац оваа година го имаат зголемено за вкупно 730 милијарди. Орото го води Илон Маск, прв во историјата кој стана побогат од 400 милијарди долари.

Илон Маск:

Богатство: 439 милијарди долари (+188,1 милијарда)

Tesla, SpaceX, Икс и ВИ стартапот xAI.

Марк Закерберг:

Богатство: 214,4 милијарди долари (+91,8 милијарди)

Благодарејќи на 67% пораст на акциите на Мета.

Лари Елисон:

Богатство: 218,3 милијарди долари (+84,5 милијарди)

Елисон од Оракл е вториот најбогат човек на светот.

Јенсен Хуанг:

Богатство: 117,2 милијарди долари (+74,3 милијарди)

Во Топ 10 најбогати го лансираа Нвидиа и ВИ трендовите.

Џеф Безос:

Богатство: 241,2 милијарди долари (+68,9 милијарди)

Акциите на Амазон пораснаа +53%

Мајкл Дел:

Богатство: 115,3 милијарди долари (+46,6 милијарди)

Бродком и Дел Технологии

Роб Волтон:

Богатство: 112,5 милијарди долари (+46,5 милијарди)

Акциите на Волмарт пораснаа за речиси 80%.

Џим Волтон:

Богатство: 111,3 милијарди долари (+44,5 милијарди)

Исто како Роб, со семејната банка Арвест како додаток.

Алис Волтон:

Богатство: 103,5 милијарди долари (+41,7 милијарди)

Стана најбогатата жена на светот, прескокнувајќи ја наследничката на Л'Oреал.

Лари Пејџ:

Богатство: 156,6 милијарди долари (+40,5 милијарди)

Наспроти заканите од антимонополски казни, Гугл и Алфабет ја качија цената на акциите за 30%

* извор: Форбс Хрватска

** Визуелизација на богатството на Маск - овде

27 декември 2024 - 11:47