Дали знаевте дека трансферот на сопствеништвото на семејните компании е процес кој трае 10 години?

Голема стапка на неуспех е последица на недоволна припрема која подразбира планови од бизнис сегментот, правни проблеми, даночни проблеми, психолошки, социолошки, усогласување на личните интереси со интересите на претпријатието.

Три важни работи кои ќе ви помогнат полесно да го пребродите овој процес се:

1. Што кога би ве немало? Еден од начините за да го решите ова е да креирате така наречен „If план". J.Walch го нарекувал – авионско интервју; што ќе се случи со нашето претпријатие, со нашите проекти, вработени и купувачи, ако авионот со кој денес се возите падне и вие погинете, значи, да се пронајде решение за најлошите можни ситуации во време додека првата генерација се уште не ни размислува за пензионирање или било какво заминување.

2. Проценка на знаењата на менаџментот и потесен број на вработените. Од огромно значење е евалуација на знаењата, способностите, кариерата на членовите на семејството и оние кои се клучни вработени надвор од семејството. Тоа се прави на начин на кој се проценува топ менаџментот, потесен број на вработени, а резултатите ќе укажат кој е најдобар, како и кои промени треба да се направат меѓу кариерите, односно положбите. Препорака е ова да го прави човек кој не е дел од семејството или човек надвор од компанијата.

3. Лидер наспроти професионален менаџер за наследник на семејниот бизнис? Лидерството (lidership) е од витална важност за опстанокот и успехот на семејните претпријатија. Денешната литература тврди дека во трансферот на генерациите успешноста на претпријатието е поизвесна доколку за наследник избереме лидер, наместо менаџер. Личноста која што ќе успешно ќе ја води компанијата е онаа на која и се на важни луѓето и ја заслужува нивната лојалност, а името на претпријатието го става на второ место. Професионалните менаџери може да изнајмат и од пазарот на трудот.

Како да ги избегнеме замките кои се закана за приватните бизниси?

Ќе дознате на Втората македонска конференција под наслов „Предизвици на транзицијата на семејните бизниси" ќе се одржи на 29 јуни 2016 од 09 до 17 часот во М6 Едукативниот центар во организација на ClearView бизнис тренинг центарот.

По успешно организираната Конференција за семејни бизниси минатата година, каде учество зедоа повеќе од 120 посетители, Clear View BTC по втор пат ја организира единствената конференција од ваков тип, на која ќе се разговара за влијанието на основачот на културата на компанијата, какви знаења треба да поседуваат наследниците пред да го наследат управувањето на компанијата и како да се дојде со свеж капитал во семејните компании.

Модератор и предавач на овогодинешната конференција е М-р Наталија Пекиќ. Која е дел од тимот кој веќе пет години по ред, го организира Бизнис форумот „Семејните компании – столб на економијата" на балканските простори ( Бања Лука, Сараево, Белград).



Г-ѓа Пекиќ е водител на колегиумот на „Управување со семејните компании" на додипломските и постдипломските студии на Претприемништво на Економскиот факултет во Осијек, а своето знаење во областа на семејното претприемништво веќе долги години го пружа и преку советувања и предавања во Центарот за претприемништво во Осијек. Воедно и сама е претприемач, сопственик на компанија веќе 20 години. Консултант е на импресивен број балкански компании.

На панел дискусиите кои ќе се одржат во рамки на конференцијата, ќе можат да се слушнат еминентни претставници од бизнис заедницата кои ќе дискутираат на темите. Учесниците се г. Сашо Наумовски од Витаминка, г. Муарем Муртезани од Алма М, г. Златко Леов од Леов компани, г. Филип Смилковски од Индустри сервис, г. Крсте Блажески од Инекс Дрим хотели, г.Симон Ендровски од Bella, г. Виктор Мешков од СЕАФ и СПМГ, г. Дејан Стаматов од Стопанска банка...
На конференцијата како гости ќе бидат присутни основачи и сопственици на приватни компании, професионални менаџери, наследници на компании, членови на семејни бизниси.

(комерцијален текст)

27 јуни 2016 - 17:08