Во својата анализа на Тесла, хеџ-фондот Вилас капитал го нагласува следниот податок: Моментално Тесла вреди два пати повеќе од Форд, а сепак Форд минатата година произведе 6 милиони автомобили со профит од 7,6 милијарди долари, додека Тесла произведе 100.000 автомобили со загуба од 2 милијарди долари. Дополнително, Форд има резерва од 12 милијарди долари во кеш за „не дај Боже“, додека Тесла најверојатно за 3 месеци ќе снема пари.