Во мејлот се објаснува дека вработениот направил промени во компјутерскиот код на оперативниот систем на кој работи производството во фабриката. Освен тоа се верува дека вработениот изнел голем број тајни податоци и ги предал на трети страни.
„Негова мотивација за ова е што сакал унапредување кое не го добил. Имајќи ги предвид неговите дела, тоа што тој не бил унапреден е дефинитивно правилна постапка,“ напишал Маск.
Не се споменува ништо за позицијата и идентитетот на вработениот, ниту пак е познато дали тој е отпуштен. И покрај тоа што мејлот е испратен до целата компанија од Тесла одбиле да коментираат за наводната саботажа.
Моментално сите напори на Тесла се насочени кон достигнување на 5.000 произведени Модел 3 автомобили неделно, со што конечно ќе може да се одглави листата на чекање и компанијата да почне да излезе од минусот од производство.