Планот на Маск е составен од три клучни точки: генерирање соларна енергија, складирање на соларна енергија и возила кои работат на електрична енергија.
Без да се навлегува во техникалиите и големата мисија на новиот производ, главно обележје на соларните плочки е што се направени да изгледаат како регуларен кров, а не да личат на чир како денешните соларни панели. Секоја соларна плочка е одделна и со големина на регуларна керамида, и ги има во четири различни верзии за да одговараат на најчестите типови кров (во САД). Од моментот на поставување тие почнуваат со создавање електрична енергија.
Соларните керамиди се направени од кварц и според Маск никогаш нема да се излитат и имаат "квази-бесконечен животен век". За да ја докаже својата поента тој пушти видео од тест со фрлање тег врз плочки од неколку различни материјали, кој покажува дека неговото "стакло" е посилно од останатите материјали. Освен повремено зачистување, крововите не бараат никакво друго одржување.
Заради стандардниот проблем на сончевата енергија, "а што ќе правиме навечер?" соларниот кров е направен да се користи заедно со Пауервол батеријата на Тесла. Маск ја претстави 2.0 верзијата од Пуервол, која ќе чини 5.500 долари за капацитет од 14 киловатчасови, што е доволно струја за една 4-собна куќа за еден ден.
Целата презентација на Маск: