Таг: сп бразил 2014

Двете лица на Мундијалот

Триумфот на домаќинот над Хрватска не успеа да ги израдува сите Бразилци. Стартот на планетарниот спортски собир за демонстрантите не претставуваше никакво задоволсто, туку само гнев кои го изкажаа на десетина километри од стадионон Сао Паоло. Додека Нејмар и дружината прославува победа, на улиците играа пендреци врз луѓето кои повеќе се за борба против сиромаштијата отколку за фудбал.

Како Јапонецот се сожали со домаќините

Хрватите не беа далеку од задоволителен бод против Бразил на отворањето на Мундијалот, но тоа го спречи џокерот на домаќините Јуичи Нишимура.

Бразил со непостоечки пенал до победа

Домаќините победнички го отворија 20 Светско фудбалско првенство благодарение на двата гола на Нејмар и погодокот на Оскар во последните мигови, но мечот го расипа јапонскиот судија Нишимура кој му подари пенал на домаќинот при резултат 1:1.

Време е за светската фудбалска треска

СП Бразил 2014 ни беше омилениот таг изминативе месеци. Анализиравме, копавме по историјата, објавувавме видеа и дробевме за сè што е поврзано со спортскиот настан број 1 на кој последен пат се радувавме пред четири години во Јужна Африка.

Загревање со головите на најдобрите

Од 32 селекции листата на врвни играчи од кои се очекува многу во Бразил може да биде чаршав долга, но ние решивме да ја скратиме на неколку звучни имиња од кои најмногу ќе зависат резултатите на нивните земји.

Типувај на Бразил-Хрватска

Стартот на долгоочекуваниот Мундијал почнавме да го одбројуваме во часови. Возбудата стартува вечерва во 22 часот, а за воведната пресметка направивме наши предлози за типување.

Американците ќе летаат 14.326км над Бразил

Домаќинот на Мундијалот е петта најголема држава во светот, а големата оддалеченост на стадионите се причина за долгите летови кои ги очекуваат сите 32 земји учеснички. Германскиот весник „Bild“ им пресмета на сите репрезентативци колкав пат ги чека само во првата групна фаза. Најмногу ќе дремат во авион момците на Клинсман, а најмалку Белгијците.

Хрватска е бавна, Модриќ и Ракитиќ мора да држат посед на топка

Повеќето од нашите репрезентативци се на врвот, со искуство од играње на големи натпреварувања, имаат одлични сезони зад себе, полни се со самодоверба и се надевам дека се свежи и физички подготвени за напорот и особено ваквите климатски услови.

Бразил и Шпанија ќе играат во финале

Да се прогнозира уште од сега кои ќе бидат двете најсреќни репрезентации кои ќе истрчаат на 13 јули во Рио е тешко, но веќе се појавија некои истражувања според кои во завршницата ќе гледаме судир меѓу домаќинот и актуелниот светски шампион.

Светско првенство во сè останато

Квалификувани се истите нации како и за Мундијалот во фудбал, и сите се поделени во истите групи, само сега се натпреваруваат во категории за кои побожно може да навиваат само економисти и статистичари.

Типстер за Светско првенство

Започнува фудбалскиот празник кој го чекавме четири години. Светското првенство во Бразил ќе ни донесе многу возбудувања, а ние ќе ви ги направиме натпреварите уште поинтересни.

Играше за Реал Мадрид, а сега e фолкер и тренер на БиХ

Ѕвездата на дебитантот на Светското првенство во Бразил е Един Џеко за кој сме пишувале и за кој најмногу знаете. Но во таборот на босанската репрезентација има и други занимливи стории со луѓе одбираат живот на село наместо Баерн Минхен.

Опасните петмина во Бразил

Од лидерите на своите репрезентации секогаш се очекува многу на теренот, а тоа е да го понесат товарот, да бидат организатори на играта или да го решат мечот. Ова се само неколку ѕвезди, препознатливи по своите физички карактеристики кои се очекува да блеснат во Бразил.

Најстариот жонглер во Бразил

На Бразилците не дека требаше да им се случи Светско за да дознаеме дека сите шетаат по улици и плажи со топка. Овој мајстор убедени сме дека може да жонглира колку што има и години, а тоа се 87.

Италијанскиот репрезентативец кој мрази тетоважи

Вчера пишувавме за дрскиот однос на француските репрезентативци кои знаат да им спуштат слушалка и на луѓето од Реал Мадрид. Сега ги имаме Италијанците, а таму да ти имало некој кој не е по модата и друг кој побара да му се направи статуа.

Босанците избегнале вооружен грабеж во Бразил

Членовите на стручниот штаб на селекцијата на БиХ се нашле во непријатна ситуација откако биле пресретнати од бразилски разбојници кои успеале да им избегаат на полицијата.

Препотентните Французи не разговараат со Зидан

Манџукиќ бил скромно момче кое учело за плочкар, а Паласио се уште носи старомодна фризура. За Француските репрезентативци дознаваме дека со дрзок однос градат кариери, па дури одбиваат и телефонски повик од Реал Мадрид.

Не зборувајте за Италија

Англичаните се најдоа во најтешката група на Светското првенство во друштво со Италија и Уругвај. Патот до следната фаза ќе се обидат да го најдат со неколку правила.

Нејмар има специјален однос со децата

Со 22 години и малку искуство во спортот, ѕвездата на Бразил има манири за пример со своите фанови. На четири дена пред стартот на најголемиот спортски настан за годинава тој ја “стоплува“ атмосферата во тимот и кај навивачите со две минути работа.

Нема одење на стадион со таблет

Зависници од фејсбук ако имате план да отиде на Светско со компјутер и веќе до прво полувреме да се испрчите со албум за да се пофалите дека сте таму, тогаш седете си дома. ФИФА забрани влез на стадион со било каква форма на компјутер.

Кои сè фудбалери нема да имаат секс на Мундијалот

Мексиканскиот селектор, Мигуел Херера, комплетно им забрани секс на фудбалерите за време на Светското во Бразил. Босанскиот, Сафет Сушиќ, им забрани секс, ама им дозволи мастурбирање. Клинсман ги остави американските фудбалери да прават што сакаат.

Натпреварот пред натпреварот

Најдобрата реклама за Бразил 2014-та до сега, што никаде не го спомнува Бразил 2014-та. Рекламата е за Beats Audio слушалките, и е сериозен аргумент зошто Оскар би требало да воведе категорија - реклама на годината. Во неа многу луѓе - Нејмар, ЛеБрон, Сања, Швајнштајгер, Фабрегас, Суарез, Серена Вилијамс, Рио Фердинант... и многу луѓе што имаат своја репрезентација за навивање на Светско. "Трчај како да си лудак што ја брка среќата."

Бесплатен влез на стадионите во Бразил

На само една недела до стартот (трпение до следниот четврток) Гугл мапс ни овозможува без карти да се прошетаме низ сите 12 стадиони во Бразил и сами да провериме конечно дали им се спремни.

Цела зоолошка ќе прогнозира на Светско

По славниот октопод Пол кој предвиде дека Шпанија во 2010 година ќе биде светски првак, цело животинско царство се даде на типување.