Портпаролот на англиската репрезентација во соработка со селекторот Рој Хоџсон и психологот на тимот направија листа од девет правила кои фудбалерите ќе мора да ги запаметат и применуваат на Мундијалот во Бразил.
Едно се однесува на светскиот првак од 2006 кој ќе им биде противник во групата Д, и гласи: Подготвени сме за Италија!!!! Не зборувајте за Италија.
Англичаните добија забрана да одговараат на прашања поврзани со Фолкландските острови или Малвинас, а тоа следи откако синоќа на пријателскиот меч против Словенија селекцијата на Аргентина се појави со провокативен транспарент на кои пишуваше дека островите се нивни.
ФИФА веројатно ќе го казни овој потег на „Гаучосите“ затоа што паролата има политичка позадина. Фолкландските острови од 1833 годна биле под британска власт, а од 1982 година двете земји започнале да водат војна поради ова територијално несогласување.