Скапите играчи од калибарот на Ибрахимовиќ, Бејл и Фалкао ќе ги нема летово на Светско, но тоа не значи дека без нив не може да се направи највредниот состав.
Уште еден корисен распоред за Светското првенство во Бразил. Екселот ќе си го симнете и ќе го пополнувате на компјутер, а овој одлично дизајниран распоред можете да го отпечатите и залепите на ѕид како постер.
Покрај ѕвездите како Суарез, Форлан и Кавани во репрезентацијата на Уругвај во сенка паѓаат останатите фудбалери меѓу кои и еден ѕидар кој по професија е столар, а до репрезентацијата стигна со автобус.
Долгите и напорни сезони и несреќните ситуации на теренот го осиромашија Мундијалот кој ќе биде без многу ѕвезди. Дополнителен проблем сега станаа и последните контролни натпревари и тренинзи на кои на повреди се жалат Роналдо и Рибери.
Деновите до стартот на едномесечната фудбалска опсесија ги броиме на две раце. Пред да почнете да го следите светскиот крем собран на едно место, ќе ви пишуваме за тајните, навиките и останатите приватни пикантерии на фудбалските ѕвезди. Стартуваме со Хрватите.
Тијаго Силва на 21 година одлучи да ја прекине кариерата по 6 месеци минати во болница заради туберкулоза. Две години подоцна тој стана репрезентативец, а денес е капитен со мисија да го подигне пехарот на Светското првенство во Бразил.
Пред две години беа дел од екипата на Пескара која по дури 20 години ја однесоа во Серија А. Потоа се разделија и направија трансфери како од соништата, а сега селекторот Прандели повторно ги спои и ги стави на списокот на италијанската репрезентација.
Повеќе од 30 години првиот пехар за освојувачите на Светското првенство не е виден во јавност. Никој не знае што се има случено со него, ниту пак со сигурност некој може да потврди дали тоа бил вистинскиот пехар или копија.
Бројка која ја носат најдобрите, капитените и лидерите и која потсетува на Пеле, Марадона, Баџо...На само 10 дена до лудилото во Бразил, ќе ве потсетиме на 10 легенди кои претставуваат поим по бројот 10 на своите репрезентативни дресови.
Оние што веќе го собраа албумот со сликици за Светското првенство во Бразил веќе знаат од прилика колку ги чинело. Оние како нас што уште немаат абер од комплетирање и се преполни со дупликати, мораат да пресметуваат математички.
33-та чилеански рудари кои во 2010-та 69 дена беа заглавени под земја, снимија видео за поддршка на својата репрезентација кое сериозно ќе ви ги разниша симпатиите што ги имате на Мундијалот. Чиле моментално има коефициент 41 дека ќе победи на мундијалот. Рударите тоа не ги интересира.
Секоја фудбалска топка на досегашните големи натпреварувања ја следеа многу контроверзии и критики, но најверојатно Адидас конечно ја има добитната комбинација со „Бразука".
Репрезентациите вообичаено ги претставуваат своите земји со боите на знамињата кои ги носат на своите дресови, но тоа не важело само за една селекција која на првото Светско првенство заминала без никакви амбиции и со идеја да привлече симпатии кај домаќините.
Мундијалите низ историјатот носат груби натпревари кои завршиле со 20 картони, дебакли од 9:0, гафови на судиите кои не ги бројат жолтите картони, но и срамни посети од по 300 гледачи.
Водечкиот аргентински спортски магазин El Grafico анкетираше 95 фудбалски коментатори од целиот свет кои ги дадоа своите предвидувања за Светското првенство во Бразил.
Како што е редот, објавуваме распореди за сите големи спортски натпреварувања во Ексел формат, па еве го фајлот што го чекавте и за Светското фудбалско првенство во Бразил.
На Светското првенство има место само за 32 екипи, па некои репрезентации не се пласираа и Мундијалот во Бразил ќе биде осиромашен за неколкумина од најдобрите фудбалери.
Велат дека формата е привремена, но кога станува збор за натпреварување како Светското првенство кое трае неколку недели, тогаш овој фактор може да биде клучен за успех.
Бразилците се поделени околу одржувањето на Мундијалот. Едните ќе урлаат од радост на 12 јуни, а другите можно е да урлаат на протести. Едни прават графити за потребите на репрезентацијата, а другите за да и кажат на ФИФА дека наместо стадиони, попаметно е со милијардите да се намали сиромаштијата и да се градат болници и школи.
Марилза Гимараеш да Силва својот дом го претвори во храм на бразилскиот фудбал. 63-годишната навивачка го има обоено својот автомобил, целиот дом, па дури и тоалетот во боите на Бразил.