Таг: серија а

Околу недоумицата Ељиф или Елиф

Македонскиот фудбалски репрезентативец го направи најголемиот и најскапиот трансфер на еден наш фудбалер во историјата. Наполи за него одвои повеќе од 16 милиони евра со што Елмас го сврте вниманието на цела Италија кон себе. И конечно заврши дебатата дали е Елиф или Ељиф.

Побогу Јуве, што е со црвено-беливе дресови?

Или се многу напред со размислувања, или во трка за освојување на прекуоканскиот пазар малку подзастранија па прават брутални промени на традиционалното.

Јуве за Ајакс, Де Лихт и Рајола дава вреќи со пари

Еден од најгласните трансфери летово и официјално се оствари: Јуве објави дека потпиша договор со 19-годишниот стопер на Ајакс Матеијс Де Лихт кој ги чини „ѓавол и пол“ пари.

Контурите на новиот Интер сериозно го предизвикуваат Јувентус

Едно е сигурно - ќе гледаме трка меѓу „Сарибол“ и прагматичниот жесток стил на Антонио Конте. За разлика од претходните сезони кога не знаеше кај тера, Интер овојпат делува, макар наизглед, сериозно намерачен да му се испрси на Јувентус.

Со што точно се соочува Синиша Михајловиќ?

На 13 јули, српскиот тренер кој ја спаси Болоња од испаѓање, соопшти дека боледува од леукемија, после што му стигнаа илјадници пораки од сите страни со желба за поскоро оздравување.

Интересен тренинг на Наполи

Во исчекување на новите засилувања меѓу кои се споменуваат нашиот Елмас, Хамес Родригез и Ирвинг Лозано, фудбалерите на Наполи тренираат под надзор на Карло Анчелоти. Имаа забавна игра на тренинг.

Вероника Рабио - најпознатата мајка менаџер во светот на фудбалот

Летово Јувентус е најактивен играч на трансфер пазарот. Клубот го смени тренерот, потпиша со Арон Рамзи, со левиот бек на Рома Лука Пелегрини и со одличниот Адриен Рабио. Наскоро во клубот би можел да дојде и ултра талентираниот штопер Де Лихт.

Во Јуве тренер не носел тренерка уште од времето на Липи, Сари ќе го менува тоа

На промоцијата во Јувентус, Маурицио Сари очекувано дојде костумосан во одело и вратоврска, што за момент значеше промена на сопствените принципи на тренерот кој пак ќе се врати на своето.

Сјајната исповед на Кулибали, најбараниот стопер на денешнциата

Својот фудбалски и животен пат Калиду Кулибали го раскажа за реномираниот The Players’ Tribune за кого своите кариери ги раскажаа најголемите фудбалски и општо спортски ѕвезди.

Луд интерес за карти, Интер почна да продава влезници и за 2020/2021

Навивачите на Интер во последните неколку сезони се асполутни победници во Серија А. Имал тимот добри резултати или не, тие купуваат сезонски влезници како да ќе е последна сезона.

На Сари му фалело кафето од Томазо кој 40 години е во Наполи

Играчи доаѓаат и си одат, претседатели и тренери доаѓаат и си одат. На Сан Паоло покрај навивачите секогаш ќе биде симболот на соблекувалната на Наполи, Томазо Томи Стараче кој го правел најубавото кафе.

Учете странски јазик, да не бидете дрво ко мене

Еден од подобрите фудбалери на лондонски Арсенал, Лукас Тореира признава дека секојдневието му било многу подобро во Италија каде играше за Самдпорија, отколку сега во Англија каде не зборува речиси со никој.

Луда завршница во Серија А, Пандев и Џенова едвај се спасија

Заврши сезоната и во италијанскиот фудбал. На Јувентус и Наполи во Лига на шампиони ќе им се придружат Интер и Аталанта, а од лигата испаѓа Емполи кој има исто бодови, но послаба гол разлика од Џенова на Пандев.

Кој бил најмногу втор во Серија А?

Наполи во ерата на Де Лаурентис создаде силен состав кој му парира на Јуве, ама никако не успеа да му го грабне врвот. Но никој како Рома во однос на ова прашање. 12 пати заглавиле на втора позиција во 4 децении.

Како се славеа шампионски титули низ Европа

Некој по којзнае кој пат, некој првпат, некој вторпат. На Стариот континент се прославија многу шампионски пехари а прваците ги чека нова европска сезона после летните одмори.

Ептен заебана разврска за ЛШ и опстанок во Серија А

На една недела до крајот на сезоната во италијанско, нема мир за едно 8-9 екипи. Пола од нив ќе гризат за влез во елитата, а другите ќе стрепат да не испаднат. Кој ќе чека до недела у пм.

Јувентус се раздели со Макс Алегри

Како и што се најавуваше во претходните неколку месеци, а по неколку последователни состаноци деновиве, управата на Јувентус на чело со претседателот Андреа Ањели не продолжи соработка со тренерот Алегри.

Детето на мафијата Камора што стана еден од најдобрите стопери во Италија

Армандо Ицо, лидерот на Торино имал тешко детство во озлогласената населба Скампиа во Неапол каде царува(ла) Камора преку криминал, проституција, дилери и убиства. На крајот од калта го извадил менаџерот кој е најзаслужен што Ицо заигра и за Италија.

Срамота на Роналдо, го исмеваше Флоренци поради малиот раст

Во напнатиот и тензичен меч меѓу Рома и Јувентус (2:0), најголемиот конфилкт го имаа Алесандро Флоренци, капитенот на Рома и Кристијано Роналдо кој направи многу нечовечки потег.

Рома го има Тоти, Бразил Пеле, Наполи Марадона а Киево Пелисие

Еден од највозрасните активни фудбалери во Европа, 40-годишниот напаѓач на Киево, Серџо Пелисие објави дека по крајот на сезоната завршува со фудбалската кариера.

Г`з преку глава е во борбата за ЛШ во најјаките лиги

Месец мај е возбудлив за гледање фудбал пред сè поради финишот во Лига на шампиони, ама чекај да видите каква битка се води за следна сезона. Пазете дури 21 екипа се борат за само 7 празни места во топ 5 лигите кои водат во елитата.

Хегемонија на владетелот кој 8 години е на тронот

Со триумфот од 2-1 против Фиорентина, Јувентус по 35. пат стана шампион на Италија. Ова е 8-мо скудето на Јуве по ред и тоа е рекорд не само во Серија А, туку и во сите Топ-5 лиги во Европа.

Полски голман постави луд рекорд во Серија А против Аталанта

Емполи грчевито се бори за опстанок во Серија А, а во понеделникот вечер голманот Бартломеј Дронговски им донесе драгоцен бод против Аталанта (0:0) на гости. Тимот од Бергамо имаше 32 шута од кои дури 18 во рамки на голот на Емполи!

Како тоа 4:0 за 15 минути?

И двата последни меча од 30 коло во Серија А завршија со победи на домаќините од 4 гола, ама на Сасуоло му требаше еден час игра за да го стори тоа против Киево, а Аталанта против Болоња даваше голови со брзина како утре да ќе нема повеќе фудбал.