Во официјално соопштение од клубот се вели:
„Масимилијано Алегри нема да седи на клупата на Јувентус во сезоната 2019/2020. Тренерот и претседателот Андреа Ањели ќе се појават на заедничка прес конференција која ќе се одржи утре на „Алијанц Стадион“ во 14 часот по локално време“.
Масимилијано Алегри цели пет сезони беше тренер на „Старата дама“ на која ѝ донесе пет скудета по ред, четири Купа на Италија, 2 Супер Купа, како и две финалиња на Лига на шампиони. Во изминатите неколку дена Алегри неколку пати се сретнал со луѓето од управата и заеднички заклучок очигледно е дека страните се заситени и дека е време секој да тргне по свој пат.
Јувентус ја завршува сезоната во Серија А со мечот против Аталанта во недела кога ќе ја прослави титулата со своите навивачи. Алегри ќе го води Јуве на овој натпревар, а веќе за неколку дена клубот ќе го објави името на новиот тренер.
Како потенцијален наследник на Макс, се споменува Масимо Карера.