Рома го има Тоти, Бразил Пеле, Наполи Марадона а Киево Пелисие

Еден од највозрасните активни фудбалери во Европа, 40-годишниот напаѓач на Киево, Серџо Пелисие објави дека по крајот на сезоната завршува со фудбалската кариера.

Долгогодишниот капитен на „летечките магариња“ изјави дека е дојдено крајно време да се повлече и да им даде место на помладите. Вели дека би играл уште, ама не може до 100 години. Неговиот дрес со број 31 ќе биде повлечен од употреба во негова чест, изјави претседателот на Киево Лука Кампедели:

„Тоа е решено прашање. Тоа е негов дрес и така ќе биде засекогаш. Голема одговорност би била некој друг да го носи. Единствен кој може да го облече овој број одново е неговиот син“, рекол претседателот.

Легендарниот Пелисие во Киево помина дури 17 сезони! Стана најдобар стрелец во историјата на клубот со 134 гола на 493 меча. Тој е и најдобриот стрелец во историјата на градското дерби на Верона со 4 погодоци.

Пелисие одиграл и два меча во квалификациите за Лига на шампиони: Киево изгубил од бугарски Левски во третото квалификациско коло во сезоната 2006/2007.

Својот прв и последен меч за репрезентацијата на Италија, Пелисие го одигра на 6 јуни 2009 година на возраст од 30 години и го прослави со гол. Тоа беше пријателска против Северна Ирска која заврши со триумф на Италијанците од 3:0.

Голови тогаш дадоа уште и Џузепе Роси и Пасквале Фоџа, а селектор на Италија беше Марчело Липи. Тогаш Пелисие мечтаел да отпатува на Светско првенство во Јужна Африка 2010, него сериозно го барал и Наполи, но на крајот не се случило ни првото ни второто.

****

Киево сезонава испаѓа од Серија А во Серија Б како последнопласиран тим во елитата. Ветеранот имаше интересно и необично излагање:

„Што ви проаѓа низ глава кога решавате да оставите цигари?, иронизира Пелисие и додава:

„Јас одлучив да ја завршам кариерата не за еден, мислев за тоа цела година. Претседателот знаеше за мојата одлука пред три или четири месеци и се обиде да ме предомисли, но тоа решив исправно. Дојде време да ослободам место за другите. Не е лесно, но кога сакате да играте дури и на 40 години, ризикувате да ги налутите другите“, искрено признава Пелисие.

„Ќе треба да седам на клупата за резерви и нема да може да играм кога сакам. По природа сум агресивен за да го прифатам тоа.

Еден од моите синови ми кажа дека веќе немал да доаѓа на стадион. Со своите настапи јас го радував своето семејство иако тие не ме гледаа во најдобрите години. Семејството е најважно во мојот живот, тие секогаш ме поддржуваа, дури и кога многу ме критикуваа. Фамилијата ви помага да ги пребродите сите тешки моменти и јас сум им благодарен.

До крајот на првенството останаа уште три меча и сакам да ги одиграм. Сакам да го играм последниот меч на домашен терен. Ќе играм во наочари (се смее), за другите да не ми ги видат солзите. Не сакам да покажувам слабости, јас никогаш не сум се предавал и својот карактер го усовршував сиве овие години. Можам одново да почнам во Серија Б, но не можам да играм 100 години.

Има многу емоции, но лут сум зошто не придонесов за екипата годинава. Гневот од неспособноста беше последна капка која што ја прели чашата на трпението. Имало години кога не следела неправедност, но сме се спасувале од испаѓање. Годинава имаше многу неправедности. Преживеавме смена на генерации, дојдоа играчи кои не се навикнати да играат во Киево. Сите понижувања се само наша вина. Ја преземаме одговорноста за тоа“, го заклучил своето излагање шпицот на Киево.

Италијанските новинари го прашале дали зборувал со претседателот на Киево за некое место во структурата на клубот:

„Побарав од претседателот само едно: да не смислува функции за мене. Јас сум одговорен човек и не сакам да земам пари зошто веќе земав играјќи фудбал. Не знам какво ќе биде решението на претседателот. Дури и ако не најдеме место, ние засекогаш ќе останеме пријатели“.

11 мај 2019 - 22:54