Г`з преку глава е во борбата за ЛШ во најјаките лиги

Месец мај е возбудлив за гледање фудбал пред сè поради финишот во Лига на шампиони, ама чекај да видите каква битка се води за следна сезона. Пазете дури 21 екипа се борат за само 7 празни места во топ 5 лигите кои водат во елитата.

АНГЛИСКО

Ви Премиер лига има уште само две кола до крај, што значи паралелно со грчевитата битка за титулата ќе дознаеме и кои две од овие звучни имиња на екипи ќе мора да се задоволат со Лига Европа. Тотенхем, Челси и Арсенал имаат шанса тоа да го сторат и преку еврокуповите. Тотенхем ако освои ЛШ, а Челси или Арсенал ЛЕ.

37. коло

Бурнмут - Тотенхем
Челси - Ватфорд
Хадерсфилд - Манчестер Јунајтед
Арсенал - Брајтон

ГЕРМАНСКО

Во Бундеслига има уште три кола до крај. Таму Баерн е поблиску до титула, а Борусија и Лајпциг се исто така сигурни патници во ЛШ. Местото на Ајнтрахт Франкфурт го бркаат уште 4 екипи, но и овој тим може да оди директно ако освои ЛЕ. Ова коло ќе има два директни дуели.

32. коло

Баер Леверкузен - Ајнтрахт Франкфурт
Борусија Менхенгладбах - Хофенхајм
Волфсбург -
Нирнберг

ИТАЛИЈАНСКО

Во Серија А е каша попара. Таму пак се играат уште 4 кола до крај и сè е можно. Интер е во фина позиција, а на Рома и Милан им пркоси опасната Аталанта која ова коло му гостува на Лацио. Дури и Торино има шанси.

35. коло

Јувентус - Торино
Удинезе - Интер
Лацио - Аталанта
Џенова - Рома
Милан - Болоња

ШПАНСКО

Големото трио во Лига се разбира и следна сезона ќе биде дел од елитата, но големата неизвесност на три кола до крај трае за четвртата позиција. Валенсија може преку трофеј во ЛЕ.

36. коло

Хетафе - Жирона
Севиља - Леганес
Хуеска - Валенсија
Реал Ваљадолид - Атлетик Билбао

ФРАНЦУСКО

Најмалата гужва е во Лига 1 од каде следна година со ПСЖ и ЛИЛ најверојатно ќе учествува една од екипите на Лион и Сент Етјен. Математички шанси имаат и Монпеље, Марсеј и Ница, ама со таа бодовна разлика на четири кола до крај тешко дека може да сторат нешто.

35. коло

Лион - Лил
Монако - Сент Етјен

3 мај 2019 - 16:22