Управата на Јувентус, поточно спортскиот сектор задолжен за теренот работи перфектно. Дојдоа фантастични засилувања како слободни агенти, а кесата се одврза за најдобриот млад дефанзивец во Европа.
Бјанконерите како да не можат да се помират додека не го кренат вредниот и голем пехар од Лига на шампиони. Се заситија со бескрајната доминација во Италија, па веќе неколку сезони приоритет број 1 им е Европа.
Во таква ситуација трошат многу средства за маркетинг, но и како да сакаат да ги раскинат сите врски со минатото, па откако го сменија грбот во тотално нов изглед, сега промовираа и нови дресови со бои кои ама баш никогаш не биле препознатливо „јувентински“. Црвена и бела.
Сајтот Footyheadlines.com ги објави првите слики од новиот гостински дрес кој Јуве ќе го носи во текот на следнава сезона: бел дрес со црвени бои (спонзорот, грбот и компанијата која им ги произведува дресовите се во црвено, како и ракавите).