Таг: серија а

Бисерот на Јуве околу кој се крева многу прашина и кој заигра за Италија

Строго католичко воспитание, голема посветеност кон религијата, тренинзи во предградието и радост кога му направиле екскурзија во базата на клубот во кој се вљубил на прв поглед. Ова е сторијата за Мојзе Кен.

Го видовте ли голот на колото во Серија А?

Ма што на колото, на сезоната. Стефано Окака го отвори резултатот на мечот Удинезе - Џенова, а Роландо Мандрагора во 61’ минута го постигна најубавиот погодок во досегашниот тек од италијанското првенство за 2:0.

Најубавите голови на Алваро Рекоба во Серија А

Меѓу илјадници фудбалери кои го носеа дресот на Интер низ годините, еден играч тифозите посебно сакаа и ценеа. Уругваецот кој беше во сенка на Виери, Роналдо и Адриано, а даваше прекрасни голови.

Учинокот на Мончи во Рома: 81 милион евра во плус, 0 пехари

Претседателот на Рома, Џејмс Палота држел пенкало во рака пред листот со отказ за тренерот Ди Франческо по дебаклот во Фиренца, но Мончи го разубедил. Синоќа ги отпуштил и двајцата.

Бонучи и Бернардески се судрија - фаул за Јуве

На големото дерби Наполи - Јувентус (1:2) синоќа видовме два црвени картони, гол од слободен удар, промашен пенал и многу многу стартови. Смешен момент беше кога судијата Роки (одлично судеше цел меч) досуди фаул за Јувентус кој наводно го направил Инсиње.

Најинтересни детали од биографијата на Франческо Тоти

Во септември 2018 излезе автобиографијата на Франческо Тоти - „Капитен“. Пишувана е во коавторство со познатиот новинар Паоло Кондо и во неа има многу приказни и анегдоти за животот на легендата. Ние ќе ги пренесеме во неколку дела. Ова е првиот.

Гаљардини од Интер на мобилен му покажуваше за пеналот на судијата

Додека се играа две мега дерби средби во Англија меѓу Јунајтед и Ливерпул и Сити и Челси кои завршија досадно 0:0, во Италија Фиорентина и Интер одиграа луд меч со дури 6 погодоци.

Како факс му го зезнал трансферот на Словенец во Италија

Миха Мевља е словенечки висок, крупен, снажен стопер кој од Зенит требаше да премине во италијанскиот прволигаш Емполи и да почне да гради кариера на Апенините. Но трансферот му пропаднал поради факс.

Комична сцена при кавга со внесување лице во лице

За време на мечот Рома - Болоња, капитенот на домаќините Флоренци влезе во еден дуел со далеку повисокиот и покрупниот противнички бек Мичел Дајкс. Овој виде не виде, се насмеа од комичната сцена.

Го видовте ли циркусот со ВАР на СПАЛ - Фиорентина и во Полска?

Во Италија на мечот од Серија А имаше досега невидено толкување на ситуации за ВАР. А слична приказна и во Полска на дербито Легија - Краковија каде играч доби втор жолт, па му го избришаа и му дадоа директен црвен.

Човекот кој избегна паѓање од мостот Моранди во Џенова, го урна Лацио

Некогашниот италијански репрезентативен бек Доменико Мимо Кришито ја привршува својата фудбалска кариера во Џенова каде уште игра на ниво како пред 10 години.

Комичната епизода на Роналдо со Кедира и топката во лице

Јувентус рутински со 0-3 го совлада Сасуло на гости и продолжи сигурно да вози кон скудетото. Головите ги дадоа Кедира, Роналдо и Џан, а првите двајца беа дел од комична епизода во 61’ минута

30 минути Роналдо во Интер

На „Џузепе Меаца“ поминаа илјадници играчи од целиот свет, ама ретко кој беше сакан и гледан како бразилскиот феномен.

По 12 сезони, 519 меча, капитенот со ирокези фризура замина од Наполи

Ја одбил Борусија Дортмунд затоа што во Европа не сакал да игра повеќе за друг клуб освен за оној од градот во кој го сакаат колку и Диего Марадона.

Зошто Пјонтек ги слави головите со имитација на рафално пукање?

Првата играчка недела на Кшиштоф Понтек во Милан е совршена: минатиот вторник даде два во четвртфинале на Куп на Италија против Наполи, а во неделата гол против Рома на „Олимпико“.

Пјонтек нема намера да застане

По двата гола против Наполи во Купот, вечерва полскиот репрезентативец Кшиштоф Пјонтек ја „начна“ и Рома. Во 26' минута на мечот на „Олимпико“, на асистенција на Бразилецот Пакета кој зимава дојде во Милан, Пјонтек го даде 14 гол во сезоната.

Професорот кој ѝ помогна на Аталанта да стане толку силна

Тимот од Бергамо важи за едно од напријатните изненадувања во Топ5 лигите во Европа во последните пар сезони. Успехот се должи и благодарение на еден симпатичен Данец кој работи од сенка и кој му препишувал диети на Зидан во Јувентус.

Кваљарела е луд

„Старото“ нема намера да застане. Игра во сјајна форма и дава голови на 11 меча по ред што не се случило уште од далечната 1994 година.

Најубавите 5 гола на Пјонтек уште од родната Полска

Полјаците се во еуфорија откако вториот нивен расен стрелец по Аркадиуш Милик (11 гола за Наполи досега сезонава), ќе игра во голем клуб. Кшиштоф Пјонтек (13 гола за Џенова) дарбата за решетање ја имал уште во тамошната лига.

Пенал на Роналдо му одбрани голманот на кого лани му скрши нос

Кристијано Роналдо синоќа имаше одлична шанса да се издвои на врвот од листата на најдобри стрелци во Серија А, но не даде гол против Киево.

Каков тандем беа Шевченко и Кака

Милан во ерата пред и после Марко Ван Бастен немал напаѓачко дуо како Украинецот и Бразилецот. Едниот му местеше, а другиот со лева, со десна, со глава, од прва, ги решеташе противничките голмани. Просто неверојатно колку беа добри. На денешните дрвца што играат за славниот Милан треба да им се пушта видеово.

За талентот на Рома кој преку ноќ стана миленик на Јужната трибина

Франческо Тоти, легендата на римскиот клуб, речиси никогаш не сакал да зборува за негов евентуален наследник. Никогаш, освен неодамна кога „на сите ѕвона“ го испофалил малиот Николо Ѕаниоло од кого тифозите на „волчицата“ очекуваат баш многу.

Најдобрите 5 гола на Кристијано Роналдо за Јувентус

Со 12 погодоци, Роналдо е втор стрелец во Серија А, зад лидерот Пјонтек од Џенова кој има 13. Португалецот вчера првпат после 20 и кусур натпревари по ред во сите натпреварувања, седна на клупата за да одмори, а кога влезе му донесе бод на Јувентус против Аталанта.

Прв гол во Серија А за детето кое прво дебитираше во Лига на шампиони и репрезентација

Еден од поубавите голови на 18 коло во италијанската Серија А, прво во историјата на Божиќ, го постигна младиот фудбалер од среден ред на Рома Николо Ѕаниоло.