Го видовте ли голот на колото во Серија А?

Ма што на колото, на сезоната. Стефано Окака го отвори резултатот на мечот Удинезе - Џенова, а Роландо Мандрагора во 61’ минута го постигна најубавиот погодок во досегашниот тек од италијанското првенство за 2:0.

Роландо Мандрагора има 21 година, а веќе сменил 5 клуба. Сезонава постигнал 2 гола за Удинезе во Серија А иако игра бек.

Капитенот на нашата фудбалска репрезентација Горан Пандев влезе од клупата на почетокот на вториот дел.

1 април 2019 - 12:49