Левиот бек на најстариот клуб во Италија викендов во 93-та минута од мечот против Лацио, со прекрасен гол му донесе победа на својот клуб:
Нашиот Пандев влезе во 56’ минута место српскиот интернационалец Иван Радованиќ.
Интересно, вчера Кришито имал дури 95 успешни контакти со топката. Далеку зад него бил стоперот Зукановиќ кој имал 65 успешни контакти со топката на мечот со Лацио. Кришито, кој некогаш играше за репрезентацијата на Италија, кај Прандели во Џенова покрива три позиции: знае да игра стопер, знае да игра лево крило, и знае да игра лев бек. Важи за клучен играч во составот.
Сезонава досега има веќе 4 асистенции а ова му беше прв гол.
„Никогаш нема да го заборавам голов. Тоа е најубав подарок за мене. Се спремив на шут и целав кон левиот агол на голлманот. Пробав така и во Болоња но не ми успеа“, изјави Кришито после мечот.
Со оваа победа Џенова се искачи на 13 место во Серија А, а поразениот Лацио е 7-мо пласиран.
****
Инаку Мимо Кришито може да е среќен што е жив, затоа што на само десетина минути пред страшната несреќа на 14 август минатата година кога се сруши големиот мост Моранди во Џенова при што загинаа дури 43 лица, тој проаѓал таму со малиот син во кола. Ја избегнал стравичната трагедија што ја снајде Џенова.