Официјалниот Јутјуб канал на Серија А им подари убав подарок на сите љубители на италијанскиот фудбал со компилација од најдобрите голови на Алваро Рекоба.
За левоногоиот „Ел Чино“ легендарниот Верон еднаш изјавил:
„Рекоба не стана најдобар играч на светот, просто затоа што не сакаше да стане“.
А неговата сопруга Лорена за него рекла: „Алваро е мрзелив и романтичен“. Таков беше и на теренот, еден од последните претставници на фудбалскиот романтизам.
„Јас им верував на инстинктите. Кога ќе слушнеш глас кој ти вика 'шут, шут', тебе ти останува да го послушаш“, вели самиот Рекоба кој даваше голови како што се даваат само на PlayStation.
Вечерва од 20:30 се игра големото миланско дерби кое некогаш беше во знакот на Алваро Рекоба.