Има речиси 36 години, а попладнево против Киево даде гол на осми натпревар по ред. Сезонава досега има вкупно 11 гола и конкурира да стане најдобар стрелец. Неверојатниот Фабио Кваљарела.
Во една занимлива игра во која наизменично се шутира од гол на гол, тренерот на Јуве Масимилијано Алегри пред неколку сезони му одржа лекција на светскиот шампион Пол Погба додека играше за Јувентус.
Најдобриот македонски фудбалер синоќа влезе во игра во 68’ минута на мечот против Рома и во 93’ минута беше дел од спорна ситуација во која не доби пенал.
Серија А на крајот од 90-те го достигна врвот. Колку беше тоа јака лига говори фактот што од 92-ра до 98-ма имаше седум финалисти по ред во ЛШ. Јуве и Милан во таа декада заедно освоија осум Скудета, а трансферите се оние за кои уште се прави муабет кога ќе се седне на кафе. Одиме само со 6 од многуте.
Синоќа се одиграа најлудите средби од досегашниот тек на Серија А. Прво на Сардинија Рома имаше убедливи 0-2 против Каљари, за домаќинот со двајца играчи помалку (црвени картони), дури во 95-та минута да израмни на 2-2 и да направи сензација. А уште полуд меч се одигра на „Олимпико“ во Рим каде Лацио и Сампдорија одиграа 2-2 со два гола длабоко во судиското продолжение.
Поради настапите на Наполи во Лигата на шампионите (триумф од 3:1 над Црвена звезда), мечот против Аталанта во Бергамо ќе го одиграат вечерва од 20:30. Но можно е и да не се одигра ако се случи тоа што со денови се најавува.
Оние играчи кои блеснаа во италијанско и со своите феноменални настапи си ја качија цената, а сезонава не се тоа што беа, од 23-ти до 25-ти ноември беа на многу голем попуст. Заслужено нели?
Во Италија постои закон според кој секој спортски клуб треба за половина од натпреварите во сезоната да ги отвори вратите за деца. Со исклучок на Рома и Јувентус, ниту еден друг клуб не го почитува тоа.
Во чест на големото дерби против големиот ривал кое заврши 0:2, тифозите на Милан организирани под групата Curva Sud пред средбата со Јуве демонстрираа врвна кореографија.
Во портфолиото на најмладиот претседател во историјата на Интер, 26-годишниот Жанг, стои дека завршил на Универзитетот Пенсилванија, дека работел во инвестициската банка Morgan Stanley и дека беше потпретседател, а од скоро претседател на Интер.
По ремито со Џенова на домашен терен, Јувентус минатиот викенд одигра тежок меч против Емполи на гости и славеше едвај по пресврт, со два гола на Роналдо. Во триумфот не им олеснија многу сопствените навивачи кои до 70’ минута не навиваа, револтирани од цените кои домаќинот им ги лупнал.
Два месеци словенечкиот репрезентативец поминал на антибиотици. „Тоа беше прав пекол. Сериозно размислував да ја завршам кариерата“, рекол Јосип откако му откриле бактериско заболување.
Со примената на филозофијата на Пеп Гвардиола. освен првиот тим, секоја категорија во академијата на Барселона морала да се прилагоди на новиот начин на игра. Во таквиот систем имало место за Ибрахимовиќ, ама не и за Икарди кој ги спакувал куферите и си отишол.
Во првиот дел од миланското дерби фудбалерот од среден ред на Интер и на репрезентацијата на Хрватска, Марсело Брозовиќ здобил повреда на бутниот мускул. На полувреме не сакал да излезе од игра и за да не му се олади мускулот решил да вози на статичен точак. Излегол на терен во второто полувреме и истрчал вкупно 12,5 километри.
Двестедваесет и второто издание на Дерби дела Мадонина поубаво изгледаше на трибините отколку на теренот. Навивачите на Милан и Интер со недели работеле на преубавите кореографии кои ги кренаа синоќа на „Сан Сиро“.
Во 18’ минута од мечот Јувентус - Џенова, Кристијано Роналдо го постигна петтиот гол во Серија А откако дојде во италијанското првенство а воедно стана и првиот фудбалер на светот кој постигнал вкупно 400 гола во Топ5 лигите на Европа. Горан Пандев мечот го почна од клупата за резерви.
Само неколку дена откако пишавме за него, полскиот центарфор кој го носи нападот на Џенова, во неделата пак даде гол и сега е на бројка од 13 гола на 8 меча.
Соочен со сериозни обвинувања за силување на Американка чии адвокати му бараат 200.000 евра оштета за претрпена психичка тортура, Кристијано Роналдо на теренот не изгледа дека е загрижен. Вечерва даде гол во триумфот на Јуве против Удинезе на гости од 0:2.
Тоа што најголемите пари се движат во англискиот фудбал, не значи дека треба да се крстиме во Премиер лигата и дека другиве лиги се паштета. Се менуваат времињата, резултатите, па и табелите.
Големото ривалство и омраза на релација тифози на Јувентус - тифози на Наполи кулминира секогаш кога ќе се сретнат овие два клуба. На последното дерби изминатиот викенд шампионот победи 3:1 но триумфот остана во сенка на расистичките извици од навивачката трибина.
После осум исклучително успешни години во Јувентус, генералниот менаџер Бепе Марота соопшти дека клубот решил да не му продолжи договор и дека одлуката е на претседателот Ањели со кого извесно време не се сложувале околу работата. Наследник Зидан или Паратичи?
Секако дека македонската јавност во извештаите од натпреварите на Џенова скрола да види дали Горан Пандев дал гол, но неколку пати гледа и едно друго име крај неговото. Толку често го гледаме што решивме да изрудариме нешто за него.