Рома и Џенова одиграа меч со дури пет гола. Гостите, предводени од новиот тренер Чезаре Прандели на два пати имаа водство, но Рома направи пресврт и на крајот славеше со 3-2.
Резултатот можеше да биде поинаков затоа што капитенот на македонската репрезентација беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник во 93’ минута од капитенот на Рома Флоренци, но судијата не досуди најстрога казна.
Un'altra clamorosa truffa per colpa di arbitri INCOMPETENTI, al 95' spinta netta di #Florenzi su #Pandev ma per Di Bello non c'è rigore, veramente assurdo e vergognoso! Adesso @Totti se è sportivo deve ammettere il rigore e non solo lamentarsi quando subisce la Roma! #RomaGenoa pic.twitter.com/JnZjWfyate
— 𝓥𝓔𝓡𝙾🌹 (@veronique__94) December 16, 2018
🔴🔵 #Pandev ha dichiarato che: "Sbagliamo noi calciatori, sbagliano anche gli arbitri. Su di me rigore netto". #RomaGenoa pic.twitter.com/pBwSXK9oG8
— Genoa CFC (@GenoaCFC) December 16, 2018
„Чист пенал! Нема што тука. Ова беше грешка на судијата. Има ВАР да провери, му кажав на теренот да оди да провери. Ми кажа не бил фаул и таму заврши. Жал ми е, одигравме голем меч. Не заслуживме да изгубиме, во прво полувреме имавме многу гол шанси, и требаше да го затвориме мечот уште во првиот дел“, изјави Пандев после мечот.
Слична изјава даде и тренерот Прандели кој на пресот после мечот на „Олимпико“ кажа:
„Да речеме дека и Тоти би признал дека имаше пенал... Многу сме разочарани зошто имавме многу шанси. Оштетени сме од неколку судиски грешки, особено онаа во последниот напад. Чудно е како не го гледаа со ВАР овој пенал кој не беше само со раце, туку и со нозе. Се чуствуваме измамени. Страшна грешка“.