Законот е донесен во 2007-ма година, се однесува на секој спортски колектив, што значи не само во фудбал, туку во било кој спорт. Тоа подразбира бесплатен влез за деца до 14 години на половина од вкупниот број на натпревари во текот на една сезона.
Целта е младите уште од најмали години да ги доближат до спортот. Плус познато е дека Серија А има многу послаба посетеност за разлика од порано.
Едно истражување покажува дека во просек на натпревар одат по 21.457 гледачи, што е малку ако се знае дека на пример Сан Сиро и Олимпико имаат капацитет да примат по 80.000 гледачи.
Шоумен од тв емисијата „Le Iene“ грабна да истражува дали клубовите и кои од нив го практикува тоа што им е наложено. Тоа го правеше во стилот кој го негува оваа популарна емисија, со микрофон ги бркаше претседателите, а и се јавуваше директно во клубовите.
Резултатите се очајни бидејќи освен Рома и Јуве кои тоа го дозволуваат само во одредени сектори, другите клубови се вадат со тоа дека им давале попусти.
Вака оди муабетот на водителот кој врти телефони по клубови:
МИЛАН
-Деца до 14 години плаќаат карти со попуст.
-А гратис никогаш не влегуваат?
-Не.
НАПОЛИ
-Трибуна фемили е единственото место за малолетници
-На оваа трибина има карти за деца со попусти, ама сепак плаќаат.
ИНТЕР
-Има ли гратис влез за деца до 14 години?
-Не. Само деца до 5 години влегуваат без карта на стадион.
УДИНЕЗЕ
-За деца од 3 до 14 или 18 години има секогаш карти со попуст.
ФРОЗИНОНЕ
-Попустите важат за деца од 5 до 15 години.
СПАЛ
-Гратиси кај нас има само за инвалиди.
ЛАЦИО
-Нема таква опција.
Торино
-Кај нас има ама само за деца до 6 години.
Внимавајте колку бил информиран за овој закон претседателот на Џенова, Енрико Прециози.
-Претседателе знаете ли дека од 2007-ма година постои закон со кој на половина од натпреварите во сезоната треба да пуштате деца до 14 години без карти?
-Што убаво, ќе има повеќе луѓе.
Клик тука за да погледнете видеото како водителот ги брка претседателите на италијанските прволигаши. Кога стигна до Лотито имаше проблеми со обезбедувањето.