Лукас Тореира е Уругваец, има 23 години и во кариерата досега играл за 18 Јули и Монтевидео Вондерерс во неговата земја, од каде во 2013-та се сели во Италија и доаѓа во младинската екипа на Пескара. Подоцна преминува во Сампдорија каде за три години станува најдобар играч.
Важи за голем борец, остар и груб фудбалер кој владее со средниот ред. Има слични карактеристики на игра како Раџа Наинголан.
За репрезентацијата на Уругвај има 16 настапи и ќе игра сега на Копа Америка 2019 во Бразил.
По фантастичните настапи во Серија А, Арсенал реши да го купи Тореира за околу 26,5 милиони фунти и му го даде бројот 11 на дресот. Но Уругваецот додека се спрема за почеток на Копа Америка, во својата земја дал интервју за Ovacion и рекол:
„Мислам дека нема многу работи во кои уживам во Англија. Стварно е така. Мислам дека беше поубаво во Италија. Англија е скроз различен свет, многу голема земја е. Јазичката бариера ми е најголем проблем, затоа што имам мака да им се обратам на соиграчите и луѓето околу мене. Многу е тешко кога не зборуваш со никого/ Климата е уште еден важен фактор, а во Лондон има помалку сонце отколку кај нас, но тоа е, вели Тореира.
Лукас е многу врзан со Италија, па така веднаш по крајот на сезоната во Премиер лига, тој добил слободен ден да оди до Џенова и да се види со луѓето од својот поранешен клуб Сампдорија. Сега медиумите го селат во Милан каде нов тренер би требало да биде Марко Џампаоло кој му беше шеф во Сампдорија.