На една Фејсбук страна се постираат фотографии на фудбалери од 90-те и првите години на 2000-те и на тој начин се одржува носталгијата. Се постираат не само шампиони, туку и просечни фудбалери кои никој не ги памети.
Синоќешниот пораз од Рома 2:1 беше историски за Јувентус, затоа што клубот не загубил две по ред на стартот уште од 1912. година. Тешко оди без Пирло, Тевез и Видал кои немаат добри замени во Кедира, Манџукиќ и Падоин.
Од странците во Серија А командуваат Хрватите, Србите, Словенците, Босанците, Црногорците и Македонците, а во моментов ги има 47, повеќе од Аргентинците и Бразилците.
Со заминувањето на Давид Пизаро кој играше за Удинезе, Интер, Рома и Фиорентина меѓу 1999 и 2015 година, во новата сезона во италијанското првенство со најмногу поминато време влегува нашиот напаѓач кој летово направи кам бек во Италија.
Во склоп на турнејата во Азија, утре од 14 часот во кинескиот Шенџен ќе играат Милан и Интер, а средбата е повеќе од дерби поради борбата за освојување на Ориентот.
Седум од вкупно 20 италијански прволигаши сезоната може да ја почнат без спонзор, исто како што се случи и лани, а договори сè уште немаат потпишано и три екипи кои ќе играат на меѓународна сцена.
Дождот на Мацари, одбивањето на Конте и Михајловиќ да бидат тренери на Јувентус и Милан и самоотпуштањето на Марчело Липи. Десет изјави во Серија А кои ќе останат како познати бисери на тренерите.
Шпанскиот четвртолигаш Бадахоз открил дека клубот од Торино во целост им ја украл идејата за кампањата за продажба на сезонски влезници. Ќе им простат само ако одиграат пријателска средба.
Во баражот за пласман во Серија А, фудбалерите на Болоња ремизираа со Пескара 1-1 и благодарение на подобриот пласман на табелата се вратија во најдобрата италијанска лига по само една година.
Со 22 гола на 39 години сезонава во Серија А, Лука Тони стана највозрасниот фудбалер што некогаш ја освоил наградата најдобар стрелец во едно од петте најдобри првенства во Европа.
Трофејниот тренер реши да одмори од фудбалската игра и ја одби понудата на клубот со кои за осум години освои неколку трофеи. На Карлито му следува операција на грбот, после која не знае колку ќе се опоравува.
Два и кусур месеци ќе бидеме без фудбал во најсилните 5 топ лиги во Европа, па време е за анализи и компарации. Во Германија сезонава во просек имало двојно повеќе публика на стадионите од Италија и Франција.
Промашениот пенал против Лацио следува после лошо изведените со Киево, Аталанта и Милан. На тој начин Пипита Игуаин од можен херој, стана симбол на промашени пенали во една сезона и покрај 29 постигнати голови во 2014/2015.
Од 1997 година од кога Ла Лига брои 20 клубови, ниту еднаш не се случило некоја екипа да опстане во првенството со 35 освоени бодови, како што се случи годинава. Во Италија и Франција мора да се соберат повеќе бодови за опстанок.
Големото градско дерби на Рим ниту овој пат не помина без проблеми. Пред и после натпреварот навивачите на двата клуба се судрија околу Олимпико, а двајца навивачи на Рома се избодени со нож.
Во најдобрите европски лиги шампионот веќе е познат, но последните коло, две ќе решаваат за тоа кој ќе оди во Европа и кој ќе остане во елитните друштва. Борбата за гол живот и опстанок е поголема од онаа за во Европа.
На денешен ден пред 14 години, Милан ја оствари една од најголемите победи против градскиот ривал Интер. Со головите на Џани Командини (2), Шевченко (2), Сержињо и Федерико Џунти, Росонерите ги декласираа Нероаѕурите со 6-0.
Основните бои на Јувентус се розеви, а црно-бели стануваат во 1903. година кога еден англиски клуб им праќа нова гарнитура дресови. Еве и зошто Старата дама има повеќе поклоници во Италија од сите други клубови.
Јувентус, Наполи и Фиорентина испратија сигнал до Бундеслигата, дека борбата за четвртата позиција која носи во Лига на шампиони не им е сигурна и дека ќе се борат да си ја вратат.
Филип Мексес, Марко Пароло и Лукас Подолски од дистанца, Тевез и Флоренци од парабола и Пиниља со ножички ги постигнаа најубавите голови во 33. коло во Италија.
За прв пат во 106 годишната историја, клубот чии играчи вредат едвај 100 илјади евра ќе биде член во најдоброто италијанско друштво. Пласманот обезбеден на 4. кола пред крајот и прославен на стадиончето што собира 4.000 гледачи.