Италијанските екипи го нападнаа четвртото место на Германците

Јувентус, Наполи и Фиорентина испратија сигнал до Бундеслигата, дека борбата за четвртата позиција која носи во Лига на шампиони не им е сигурна и дека ќе се борат да си ја вратат.

Италија оваа сезона води на ранг листата на УЕФА по бројот на поени кои ги освои на европските натпреварувања. За тоа се најзаслужни Јувентус кој се наоѓа во полуфиналето од ЛШ, како и Наполи и Фиорентина кои се полуфиналисти во Лига Европа.

До сега во сезоната 2014/2015 екипите од Серија А донесоа 18.500 бодови и освоија повеќе и од Шпанија која има 18.357 поени. Следуваат Германија со 15.571 и Англија која преку своите претставници во Европа сезонава освои 13.571.

 

Италијанците ќе треба уште многу да се борат на меѓународна сцена за да си ја вратат четвртата позиција на рангот на УЕФА кој пред неколку години им ја земаа екипите од Бундеслигата. Разликата во моментов изнесува над 9.000 поени.

 

Победа во квалификациите за европските натпреварувања носи два победа, а нерешено еден бод. За пласман во секоја наредна фаза од нокаутот се добива по еден бод, а секоја екипа добива по четири поени ако се пласира во групната фаза од ЛШ и осминафинале.

Коефициентот на УЕФА се пресметува со просек. Поените кој во една сезона ги направила федерацијата во двете натпреварувања на ЛШ и ЛЕ се дели со бројот на клубовите учесници. Таа сума се додава на бројот остварен од четирите претходни сезони за да се пресмета коефициентот. Во случај две земји да имаат ист број на коефициенти, прва е онаа која имала повеќе поени претходната сезона.

6 мај 2015 - 15:08