Таг: русија украина војна

„Милијардерот со вилата“ и „идиотот“

Каспаров доби шанса да излезе на американски медиуми каде првично му се ссна на неименуван милијардер „кој седи во својата вила во Силициумската долина и и' кажува на Украина што треба да прави, и тоа е морална идиотштина и геополитичко слепило“.

Демократите се брзаат да и обезбедат 50 милијарди долари на Украина

Заради реалниот страв дека републиканците ќе ја вратат контролата над Претставничкиот дом на Конгресот, во тек е масовна операција на демократите за пакување и изгласување на 50 милијарди долари тешкиот пакет за помош на Украина.

Зимска војна во Украина е во корист на Русија

Како што украинската војска изјавува дека се надева дека нивната офанзива до зимава ќе стигне до Херсон, така Русија продолжува со подготовките за контра-офанзива која би можела да почне веќе следниот месец. Исходот од таа битка најверојатно ќе биде крвав и разорувачки, ама малку е веројатно дека ќе ја реши војната.

Трета светска војна во три чекори

Сценариото според Илон Маск е следно: За Русија Крим апсолутно е Русија. И Русија попрво би користела нуклеарки отколку да го изгуби Крим. Ако Русија користи нуклеарки, и Западот ќе користи нуклеарки.

Илон Маск ќе продолжи да плаќа за Старлинк

Во твит кој наликува како повеќе да му е криво што другите компании заработуваат милијарди од помошта за Украина, а тој уште ги плаќа сметките за Старлинк, Илон Маск објави дека интернет сервисот сепак ќе продолжи да функционира во Украина, на негова сметка.

Што и треба на Украина за да ја добие војната против Русија

Од 84-те руски ракети испукани кон Украина, според украинското министерство за одбрана, повеќе од половина се соборени. И по нивни бројки тоа пак остава над 40 ракети кои ја погодиле својата цел.

Порака од фронтот

Еден од странските доброволци во Украина во еден од цивилните станови што деновиве беа закачени од руска ракета. Не се жали ништо, напротив, повеќе му е за вас и да ви даде една поинаква перспектива на работите.

На Украина и заврши гага користењето на Старлинк?

Сака Пентагон, сака Украина да плати, ама Спејсикс веќе нема да го покрива трошокот за користење на Старлинк интернет сервисот во Украина и испораката на нови терминали, покажуваат документи испратени од Спејсикс до Пентагон.

На Украина и е доста од тенкови и топови, сега и требаат Ф-15ки и Ф-16ки

Како што рушењето на кримскиот мост го смени начинот на војување на Русија, така руското бомбардирање на цела Украина го смени начинот на војување и воените потреби на Киев, кои сега гласат: борбени авиони и против-воздушна одбрана.

Шојгу, Медведев, Суровкин на листата на најбарани криминалци во Украина

Безбедносната служба на Украина, СБУ, го објави список со сите криминалци што ги бара по основа на започнување на војната и уништување на украинската држава. И на него ја има речиси цела постава на Кремљ.

Полска гледа да се изгребе нуклеарно оружје од Америка

Во целиот хаос што се случува, Полска пробува некако да искамчи некое парче нуклеарно оружје од САД за да го има ако војната меѓу Русија и Украина тргне во не дај Боже правец.

Русите почнаа со одмаздничко ракетирање на Украина

Руски крстосувачки ракети утрово ја послаа цела Украина од Лaвoв, на само 80 километри од полската граница, и Одеса, до Харков и Днепар на самиот фронт.

Украинците почнаа да пријавуваат дупки во Старлинк мрежата на фронтот

Украинските војници на најистурените позиции на фронтот пријавуваат дека имаат проблем со комуникацијата преку мрежата за сателитски интернет на Старлинк што сериозно ја попречува нивната офанзива.

На цела меѓународна помош, Русија е најголем снабдувач на Украина со оружје

Во рапидното напредување на украинските сили околу Харков и на истокот од земјата запленето е толку многу руско оружје (цели воени складишта) што украинската армија има воведено процедура за итно чистење од симболи, пренамена и прераспределување на руското вооружување за сопствени потреби.

Украина треба да направи уште еден голем јуриш пред зимата

Алармирањето од Западот е дека на украинските сили им истекува времето за да ја изведат последната критична битка за годинава за ослободување на територии на југот, пред временските услови на фронтот да станат невозможни за каква било поголема операција.

Иранските дронови се евтини, ги има и ѝ вршат работа на Русија

Деновиве војната повторно стигна до Одеса, стотици километри оддалечена од фронтот, и тоа не благодарејќи на најразличните руски ракетни системи, туку на увезените ирански камикази дронови.

И на Путин му се одмили мобилизацијата

Руската влада направила грешки за време на делумната мобилизација на резервниот состав, прибирајќи и тоа што смее и тоа што не смее, изјави човекот што ја нарача мобилизацијата.

На САД и Европа им снемува оружје на залиха за испраќање во Украина

Годишното производство на комплетната американската воена индустрија вообичаено е околу 30.000 155-милиметарски гранати за хаубиците што САД и ги испорача на Украина. Во борбите на фронтот украинска армија овие 30.000 гранати ги троши за околу 2 недели.

Руско-грузиска граница деновиве

На границата меѓу двете земји има 20-километарска колона (во насока од Русија кон Грузија) каде се чека и по 40 до 50 часови, формирана во деновите откако Путин објави делумна мобилизација на руските резервисти. Башка тие што одат пешки, на точаци и слично.

Мобилизација по руски

Знаеш дека има некој проблем со мобилизацијата во Русија кога главната уредничка на РТ јавно ќе порача дека надлежните претерале колку се неспособни.

Најмодерното руско оружје полно со стара технологија

Најновите крстосувачки ракети и хеликоптери на руската армија се полни со децении стара технологија од старите модели на истото оружје, покажува истрагата на остатоците од руското вооружување собрани во Украина.

Напредокот на украинската офанзива е скап во животи

Украинската армија ја почна својата офанзива и веќе притиска кон Херсон и освојува територија што со месеци беше под руска окупација. Меѓутоа ниту една педа од територијата не е евтино добиена.

Покренување на американската хаубица М777 на украинскиот фронт

Преоѓање од борбена во маршовска положба (на вистински активен фронт) за минута и десет секунди.

Украина треба да се помири со изгубеното и да преговара

Поранешниот началник на британскиот генералштаб, нема ниту една оптимистичка порака за Украинците и за крајниот исход од војната што се случува на нивна територија, само дека Украина со тек на време ќе треба да почне да се подготвува поинаку да размислува.