Ова е за прв пат по неколку месеци релативен мир Киев да биде бомбардиран со руски ракети, а според украинската полиција понеделничкото бомбардирање е најголем ракетен напад во историјата на земјата.
Како што руските ракети стивнаа, така Зеленски објави видео во кое бара уште повеќе воздушна и ракетна одбрана од се поголемиот број руски напади.
Наместо стандардните ракети со голем домет и артилериска муниција, сега Украинските власти од НАТО и останатите сојузници бараат приоретизирање на испорака на напредни против-ракетни системи, првично НАСАМС, кои им беа ветени а уште не се стигнати.
Украинците сега посебно притискаат да им бидат испратени и Ф-15ки и Ф-16ки борбени авиони со кои би вовеле зона на забранети летови против руските ракети и бомбардери, најверојатно со проектили воздух-воздух.
Западните аналитичари пак сметаат дека испораката на против-воздушни системи само делумно ќе ја покрие украинската територија, а и местата на кои тие ќе бидат поставени нема да бидат целосно заштитени бидејќи руските ракети, во случајов Калибар, летаат многу ниско заради што можат да ја избегнат против-воздушната одбрана. Нивниот совет е да се почека и истрпи бидејќи најверојатно руските залихи од овие ракети се значително намалени од почетокот на војната.
Во меѓувреме Франција најави испраќање дополнително оружје, Германија вети дека за неколку денови во Киев ќе се појават првите ИРИС-Т одбранбени системи, а САД потврдија дека во претстојните месеци во Украина ќе пристигнат осум НАСАМС батерии.