Демократите се брзаат да и обезбедат 50 милијарди долари на Украина

Заради реалниот страв дека републиканците ќе ја вратат контролата над Претставничкиот дом на Конгресот, во тек е масовна операција на демократите за пакување и изгласување на 50 милијарди долари тешкиот пакет за помош на Украина.

Иако се работи за главно демократска иницијатива, зад предлогот има и републикански конгресмени, кои пак отворено кажуваат дека во случај на промена на власта во Претставничкиот дом по меѓуизборите во ноември, испраќањето помош на Украина нема да биде сигурно како до сега.

Крајниот рок за изгласување на помошта од 50 милијарди долари е до крајот на декември, бидејќи од јануари почнува мандатот на новата постава на Конгресот која може и да не е така наклонета кон помагање на Украина.

Сумата од 50 милијарди е најголемата еднократна помош што САД до сега и ја испратил на Украина. Минатиот месец САД изгласа помош за Киев во вредност од 12,3 милијарди долари.

Од почетокот на војната до сега Конгресот на САД изгласа околу 60 милијарди долари воена, економска и хуманитарна помош за Украина.

24 октомври 2022 - 23:49