И во македонскиот „следниот" викенд понекогаш создава забуни - дали се мисли на овој или на оној по него. Но за разлика од нас кои се навикнуваме да живееме со нефункционални нешта, потчинувајќи им се наместо да ги менуваме, некој се сетил дека ако не постои збор за нешто, не е забрането да се измисли. И тоа и го сторил.
Јапонија на Западот меѓу другото му ги има дадено икебаните, хаику песните, филмовите на Куросава и самураите. Што ѝ дава за возврат западната цивилизација на Јапонија? Прирачник за користење непристојни зборови од англискиот.
Меријам-Вебстер ги најави најновите дополнувања на нивниот популарен Collegiate Dictionary, главно со термини од сленгот и од областа на технологијата. Нам најдобар ни е Turducken - три животни едно во друго, што се јадат.
Oткако пишувавме за злоупотребата на зборот „порно" како опис на различни возбудливи човечки активности кои немаат директна врска со секс (од градинарство до храна), почнаа да ни пристигнуваат голем број други примери. Фосилно порно (не е тоа што мислите), гробно порно (исто така), фрактал порно...И меѓу нив - зборовно порно.
Водич за потенцијални регрути во сојузничката војска од 1918, со речник на жаргон за различни видови оружја и ситуации во кои може да се најде еден војник. Некои од нив се навистина креативни.
Процедурата за додавање ја објаснува лексикограф на Мериам Вебстер, укажувајќи на тоа дека еден збор не станува официјален кога ќе влезе во речник, туку "официјалноста" е решена многу порано, бидејќи речникот е за запис на она што се случува во јазикот и зборовите кои се користат во него.
Следнава приказна покажува дека сè што можат да направат историските лексикографи е да го регистрираат најстариот доказ за употреба на некој збор, но не и со прст да покажат кој е неговиот автор. Таа исто така покажува дека не треба пијани да се симнувате по скали, барем не без трезна придружба.
Тежу Кол (1975), американски писател со нигеријско потекло кого го засакавме заради романот „Отворен град“, е една од добрите причини за човек да биде на Твитер. Секогаш луциден, тој овој пат се обиде да состави свој речник на секојдневни поими, и да се обиде да се соочи со она што стои зад зборовите.
Петел, свирче, стап, Стојко, путка, круша - ова се само некои од изразите за полови органи во нашиот фолклор. Сепак прилично скромно во однос на обемниот список кој го составил лексикографот Џонатон Грин (Јоnathon Green).
Неодамна пишувавме за новиот феномен на „германг" - мешањето англиски зборови во германскиот, нешто што зема сè поголем замав. Работата дојде до таму што еден прилично „сочен“ англиски израз влезе директно во Дуден, германскиот еквивалент на Оксфордскиот речник.
„Францускиот бакнеж" отсекогаш бил француски. Но дури сега тие самите правописно го усвоија терминот, па можат вака да се бакнуваат без јанѕа дека прават..хм..јазична грешка.
За разлика од Словените, Англичаните го немале Вук да им стандардизира едно ефикасно правило за пишување па им останаа д а се мачат со "peak", "peek" и "pique", со "Prefer" со едно, а "proffer" со две "f"... Зошто англискиот е тежок за пишување? Проблемите започнуваат во 6-от век.
Oд извори блиски на Букбокс дознавме дека услов на МТВ за премиерно да го прикаже „Прашина" на Милчо на јавниот радиодифузен-сервис, е филмот да биде одново преведен на „литературен" македонски. Причина: во сценариото имало многу вулгарности.
Американските ученици редовно потфрлаат на државните испити со кои се утврдува богатството на нивниот речник и способностите за читање/ разбирање. Корените на проблемот се во најраната возраст а објаснувањето марксистичко: кој колку зборови има во себе зависи многу од примањата на родителите.
Пред 30 години Даглас Адамс ја објави The Meaning of Liff, речник на нови термини за појави кои заслужуваат да имаат име, но немаат. Сега речникот доживува продолжение.
Следејќи ги сопствените заложби за збогатување на јазикот преку измислување нови, но и копање по архаичните зборови макар и не биле наши, еве неколку од „Речникот на вулгаризми" од 19-вековна Англија - книга за Британците од високата класа кои немале поим за што зборуваат „сељаците".
Ова време од годината познатиот речник на англискиот јазик го објавува списокот на новите зборови за кои неговите уредници сметаат дека се веќе толку одомаќени во секојдневниот говор што замижувањето пред нивното постоење би било лексикографски грев.