Таг: ракометна лига на шампиони

Европскиот шампион со победничка премиера во Јане Сандански

По гостинскиот триумф против Висла Плог, ракометарите на Вардар ја заверија и втората победа во новата сезона од Лига на шампиони. Нант не беше лесен залак и пружи достоен отпор. Мала минутажа за Кире Лазаров кој не постигна ниту еден гол.

Европскиот шампион Вардар со триумф ја почна Лига на шампиони

Избраниците на Раул Гонзалес победнички го заокружија гостувањето во полски Плок каде славеа против Висла 22-26 (9-13).

Висок пораз на Металург на тешкото гостување во Франција

По ланските два дуела во групната фаза, кои завршија со победа на Монпеље (28-18 и 30-24), тимот од Автокоманда ја загуби и трета меѓусебна пресметка во првото коло од новата сезона 2017/2018 во Лигата на шампионите.

Нека ечи „We Are The Champions“

Ако нешто ќе се слуша и репризира долго време по синоќешниот магичен ден за ракометарите на Вардар, тоа е победничката химна која ја пејат шампионите во секој српот. Ја слушаш и се ежиш, толку. Инаку кој би рекол дека еден ден кога Рк Вардар ќе стане Европски првак, ќе ни ја пее Мелани С од Спајс Грлс.

Вардарово лудило на плоштадот во Скопје

Датумот 4 јуни 2017-та ќе биде запишан со златни букви во македонскиот ракомет и спорт воопшто. Тој што беше на плоштад пред точно 15 години кога се урлаше за Кометалки, по втор ја доживува неописливата атмосфера на колективно лудо славје за големиот историски подвиг.

Вардар не успеа, Ѓер се качи на европскиот трон

Од драматичното прво финале во клупската историја, ракометарките на Вардар ќе се задоволат со второто место на Фајнал Форот на Лигата на шампионите, откако вечерва загубија во продолженијата од Ѓер 31-30 (15-12, 25-25).

Како Унгарците ги провоцираа Романците на Фајнал Фор

Иако играа против Будуќност, домашните навивачи на Ѓер не пропуштија да ги пецнат бројните романски навивачи на Букурешт кој подоцна играше со Вардар. „1918 - Мојата баба е постара од Романија“, стоеше на банерот со кој Унгарците ги закачнаа комшиите за датумот на нивната независност.

Суслина брани како Штербик

38-годишната руска голманка Ина Суслина вечерва во полуфиналето на Фајнал Форот против Букурешт бранеше како својот колега од машкиот клуб на Вардар и фати дури три седмерци во едно полувреме.

Вардаровата фурија испиша нова историја за македонскиот ракомет

По три неуспешни обиди, ракометарите на Вардар успеаа да се пласираат онаму каде што сонуваа и тие и навивачите, во големата четворка на европскиот ракомет. Флензбург не мрдна во Јане Сандански и се соочи со одмазда од 2014-та.

Шампионскиот Вардар триумфално низ Германија

Од почеток па сè до крајот на првиот четвртфинален дуел против Флензбург, Вардар имаше апсолутна доминација и заслужено победи 24-26 (9-15).

Вардарки по четврти пат на Фајнал Фор ќе јуришаат кон круната

На реваншот против данскиот Мидтјиланд ракометарките на Вардар славеа 26-24 и обезбедија пласман на турнирот Ф4 каде ќе атакуваат на титулата европски првак.

Ракометарките на Вардар со една нога на Фајнал Фор

Без тренерот Ирина Дибирова која што не отпатува во Данска, Вардарки славеа победа на гостувањето кај Мидтјиланд 26:28 и обезбедија мирен реванш.

Како изгледал ракометот пред 55 години

Колку години биле потребни, еден од најинтересните спортови да се развие во она што е денес и какви биле почетоците на ракометот?

Успешно деби на Дибирова, Вардарки заиграа како треба

Во можеби најлесниот натпревар сезонава, на домашен терен Вардар го победи Турингер 36-26 и во мир ќе замине на паузата пред четвртфиналните дуели. Таму или ќе одат во Данска или во Романија.

Тежок дебакл на ракометарките на Вардар во Франција

Не само што го загубија првото место од Ференцварош во групата, туку и првпат во Лигата на шампионите примија повеќе од 40 гола. Мец - Вардар 42:28 (19:16).

Бледо издание на Вардар, четвртфиналето ќе се брка во Јане Сандански

Ракометарите на Вардар ја прекинаа серијата од три победи по ред во Лигата на шампионите и со овој пораз од Мешков Брест само го одложија денот на заверување на визата за топ 8 фазата.

Вардар игра фантастично - нова победа во Лига на шампиони

Ракометарите на Вардар вечерва го совладаа Целје 35:30 во 12. коло од групната фаза на елитната лига и на две кола пред крај има големи шанси директно да се пласира во четвртфиналето.

Вардар нема милост, падна и ПИК Сегед, Штербик доминантен

Во дуелот од 11. коло од Лигата на шампионите, Вардар на гостински терен го совлада Пик Сегед 21-23 (11-12) и се зацврсти на првото место во групата Б.

ЖРК Вардар му го зема скалпот и на Мец

По големиот триумф над европскиот првак Будуќност на гости, ракометарките на ЖРК Вардар го совладаа Мец и стигнаа до одлична серија од седум победи во низа во Лигата на шампионите.

Вардар поразен во Полска, Кјелце надмоќен за првата позиција

Во последниот натпревар пред долгата зимска пауза, ракометарите на Вардар вечерва во 9. коло од ЛШ загубија од актуелниот европски првак Кјелце со 27-24.

Талески за нова европска радост на Металург

Македонскиот вицепрвак ја забележа и втората победа во серија во рамките на Лигата на шампионите и му врати на Татран Прешов за поразот во второто коло.

Германскиот првак се одмазди во Јане Сандански

По триумфот на тешкиот гостински терен во Манхајм од шест гола разлика, ракометарите на Вардар немаа сили за уште една победа и потклекнаа пред своја публика на реванш дуелот со Рајн Некар.

Голем триумф на младоста на Металург во Европа

Рецептот на Лино Червар за поголем простор за младите македонски ракометари почна да дава успех. Металурзите ја прекинаа црната серија во Лигата на шампионите и вечерва славеа убедливо против норвешкиот Елверум 26:31.

ЖРК Вардар тренираше во Лајпциг и направи резултат како на кошарка

Иако се сигурни патници во нокаут фазата, ракометарките на Вардар не застанаа 60 минути на гостувањето во Германија и постигнаа рекордни 45 голови оваа сезона во Лигата на шампионите.